Abbott Amplatzer Talisman Instrucciones De Uso página 172

Oclusor de foramen oval permeable
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 74
• Пластично менгеме
Табела 2. Насоки за големината на уредот
Морфологија на овалниот отвор на срцето
Едноставен овален отвор на срцето или
овален отвор со непроминентна ASA
Овален отвор на срцето кај којшто може да се
постигне безбедна положба на уредот и
ефикасно затворање на овалниот отвор на
срцето кога се користи уред со големина од
25 mm
Комплексен овален отвор на срцето
Овален отвор на срцето со една или повеќе
анатомски карактеристики коишто може да ја
комплицираат можноста да се постигне
безбедна положба на уредот и ефикасно
затворање на овалниот отвор на срцето кога
се користи уредот со големина од 25 mm
Овален отвор на срцето со мала анатомија
Анатомијата не е соодветна за уред со
големина од 25 mm во однос на
попречувањето на соседните срцеви
структури
ЗАБЕЛЕШКА: Проценета ја положбата на уредот по испораката, но пред откачувањето. Користете ехокардиографија за да се погрижите дека
уредот нема да има негативно влијание врз слободниот преткоморен ѕид или аортниот корен. Ако уредот попречува некоја од соседните срцеви
структури (како слободниот преткоморен ѕид или аортниот корен), фатете го и испорачајте го повторно. Ако положбата на уредот и понатаму е
незадоволителна, повторно фатете го уредот и или заменете го со помал уред (18 mm или 25 mm) или размислете за алтернативни третмани.
Употребата на уред од 35 mm треба да се земе предвид само во случаите во коишто не може да се постигне безбедна положба на уредот со
уред од 30 mm. Самото присуство на ASA не мора да го спречи успешното затворање на овалниот отвор на срцето со уредот со големина од
25 mm. При испитувањето RESPECT, 180 пациенти (36%) во групата со затворање со уредот имале ASA. Уредот со големина од 25 mm се
користел кај повеќето пациенти со ASA (77%) за затворање на овалниот отвор на срцето и, шест месеци по имплантирањето, се постигнало
ефикасно затворање кај 95% од овие пациенти. Немало случаи на емболизација на уредот кај пациентите во студијата.
Нега пред процедурата
• Се препорачува да се започне со земање аспирин (325 mg/ден) (или алтернативен антитромбоцитен/
антикоагулантен лек, ако пациентот не толерира аспирин) најмалку 24 часа пред процедурата.
• Антибиотици може да се администрираат за време на процедурата според мислењето на операторот.
• Пациентите треба да бидат целосно хепаринизирани за време на процедурата преку адекватно дозирање, со цел
активираното време за згрутчување (ACT) да се одржи поголемо од 200 секунди.
Процедура
ВНИМАНИЕ: Се препорачува интракардијална ехокардиографија (ICE) или трансезофагеална
ехокардиографија (TEE) како помош при проценката на овалниот отвор на срцето и поставувањето на
затворачот на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™. Ако се користи TEE, анатомијата на
хранопроводникот на пациентот мора да биде адекватна за поставување и манипулирање на сондата.
ВНИМАНИЕ: Внимавајте кога користите флуороскопско рендгенско водење, коешто може да се користи
за време на поставувањето на уредот.
ВНИМАНИЕ: Не користете систем за инјектирање за да внесете контрастен раствор низ обвивката.
1. Извршете пункција на феморалната вена и извршете стандардна катетеризација на десната страна од срцето.
2. Извршете ангиограм за да го прикажете овалниот отвор на срцето:
a. Катетеризирајте ја левата преткомора со положба на LAO од 45° и кранијален агол од 35°– 45°.
b. Инјектирајте контрастен медиум во пулмоналната вена на десниот горен лобус.
ЗАБЕЛЕШКА: Големината и поставувањето на затворачот зависат од морфологијата и локацијата на овалниот
отвор на срцето.
3. Користете ја жицата-водилка со J-врв за да добиете пристап преку овалниот отвор на срцето.
4. Користете ICE или TEE за да ја процените морфологијата на овалниот отвор на срцето.
ЗАБЕЛЕШКА: Морфологијата на овалниот отвор на срцето најдобро се проценува со помош на приказ со
кратка оска, при што овалниот отвор на срцето се визуелизира до аортната валвула, а примарниот септум
е ориентиран во речиси хоризонтална положба (септален приказ со кратка оска со ICE; агли за TEE од 30°, 45°
Анатомски карактеристики за пример
1. Отсуство на ASA, долг тунел и
задебелен секундарен септум
2. Непроминентна ASA (<20 mm вкупна
отстапка) без долг тунел (≥10 mm
должина) и без задебелен секундарен
септум (≥10 mm дебелина)
1. ASA (≥10 mm отстапка) со долг тунел
(должина ≥10 mm)
2. ASA (≥10 mm отстапка) со задебелен
секундарен септум (дебелина ≥10 mm)
3. Проминентна ASA со прекумерна
мобилност (≥20 mm вкупна отстапка)
4. Липоматозна хипертрофија на
секундарниот септум (дебелина ≥15 mm)
1. Должина на примарниот септум <20 mm
165
Предложена
големина (mm) на затворачот на
овалниот отвор на срцето
Amplatzer™ Talisman™
25
30 или 35
18
loading