Ако уредот попречува некоја од соседните срцеви структури (како слободниот преткоморен ѕид или аортниот
корен), фатете го и испорачајте го повторно. Ако положбата на уредот и понатаму е незадоволителна,
повторно фатете го уредот и или заменете го со помал уред или размислете за алтернативни третмани.
Погледнете Табела 1 во Додаток А: Дополнителни информации и Табела 2 (погоре) за насоки за избор на уред
и големина. Проверете ги протоците на SVC, долната шуплива вена (IVC) и коронарниот синус (CS) по
испораката на уредот, но пред откачувањето.
ВНИМАНИЕ: Треба да се внимава да не се заглават Кјари мрежите од десната преткомора или големите
евстахиеви вентили под десната преткоморна страна на уредот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Користете ехокардиографија за да се погрижите дека уредот нема да има
негативно влијание врз слободниот преткоморен ѕид или аортниот корен.
7. Подгответе го затворачот на овалниот отвор на срцето Amplatzer™ Talisman™:
a. Проверете го стерилното пакување. Не користете го уредот ако стерилното пакување е отворено или
оштетено.
b. Отворете го стерилното пакување и проверете ги затворачот на овалниот отвор на срцето, кабелот за
испорака Amplatzer™ Trevisio™, полначот и хемостатскиот вентил. Не користете го ако се забележи
оштетување или ако затворачот е откачен од кабелот.
c. Отстранете го уредот со поврзаните додатоци за испорака од пакувањето (кабел за испорака, полнач
и хемостатски вентил) и проверете дали поврзувањето помеѓу полначот и хемостатскиот вентил е безбедно.
d. Проверете дали затворачот на овалниот отвор на срцето е соодветно поврзан со кабелот за испорака:
- Ротирајте го затворачот цел круг спротивно од насоката на стрелките на часовникот.
- Ротирајте го затворачот во насока на стрелките на часовникот додека да почувствувате отпор.
- Ротирајте го затворачот спротивно од насоката на стрелките на часовникот за 1/8 круг за да го олесните
ослободувањето на уредот по испораката.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако затворачот се откачи од кабелот за испорака, повторно поврзете го на дисталниот крај од
кабелот за испорака, така што ќе го ротирате уредот во насока на стрелките на часовникот приближно 4 до 5
круга додека да биде безбеден. Потоа, ротирајте го уредот спротивно од насоката на стрелките на часовникот
за 1/8 круг за да го олесните ослободувањето на затворачот за време на имплантирањето.
8. Сместете го затворачот во полначот.
a. Исплакнете ги полначот и хемостатскиот вентил со стерилен солен раствор.
b. Додека затворачот и дисталниот крај на полначот се потопени во стерилен солен раствор, повлечете го
кабелот за испорака наназад за да го вовлечете уредот во полначот додека дисталната маркер-лента на
затворачот да дојде до врвот на полначот.
9. Пуштете стерилен солен раствор низ хемостатскиот вентил додека престанат да се појавуваат воздушни
меурчиња на поставениот затворач.
ЗАБЕЛЕШКА: Поврзувањето на затворачот со кабелот може да се провери по сместувањето, со ротирање на
кабелот во насока на стрелките на часовникот додека да се почувствува отпор, па со ротирање на кабелот
спротивно од насоката на стрелките на часовникот за 1/8 круг.
10. Подгответе ја воведната обвивка Amplatzer™ Talisman™ според упатството за употреба на воведната обвивка
Amplatzer™ Talisman™.
11. Вметнете го дилататорот во воведната обвивка и прицврстете го ротирачкиот луер.
12. Туркајте ги дилататорот и воведната обвивка врз жицата-водилка, низ овалниот отвор на срцето и во левата
преткомора, проверувајќи го соодветното движење преку ехо и/или флуороскопија.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не туркајте ги дилататорот и воведната обвивка ако почувствувате отпор.
13. Бавно отстранете ги жицата-водилка и дилататорот за да го спречите навлегувањето воздух; дозволете
протокот на крв да го истисне сиот воздух од системот.
167