Македонски
832
Поставете претпочитани поставки за чистење, напредни
поставки и редослед на чистење
Режим
Опис
Влажно и суво
Роботот го поминува со правосмукалка и го пребришува подот истовремено.
Овој режим е наменет за редовно чистење цврсти подови.
што се паркети, поставете го нивото на водата во апликацијата на
најниското ниво.
Суво
Роботот само го поминува со правосмукалка подот. Овој режим може да се
користи за местата што не треба да бидат пребришани.
Тивко
Роботот чисти со минимална бучава. Моќноста на вшмукувањето се намалува и
звукот на гласовните предупредувања се исклучува.
Интензивно
Роботот го поминува со правосмукалка и го пребришува подот истовремено со
најголема моќност. Овој режим е наменет за темелно чистење мали простори.
Земете предвид дека не се препорачува да чистите големи простори во овој
режим. Роботот го поминува местото 5 пати, па времето на чистење и
користењето на батеријата значително ќе се зголемат.
Индивидуално
За овој режим можете да ги изберете сите поставки одново.
Поставка
Моќност на
смукање
Во апликацијата можете да изберете пет различни режими на чистење за
секоја соба. Тие се стандардни режими што може да се користат во
повеќето ситуации. Можете да го приспособите режимот на чистење преку
прецизно нагодување на претпочитаните поставки за чистењето и
напредните поставки.
Режими на чистење
ВАЖНО: За пребришување чувствителни цврсти подови, како
Претпочитани поставки за чистење
За секој режим на чистење, можете прецизно да ги нагодите следниве
претпочитани поставки за чистење:
Опис
Сменете ја моќноста на смукањето:
-
Економична: за ефикасно чистење со мала потрошувачка на енергија и
ниско ниво на бучава.
-
Нормална: за редовно чистење и ефикасно отстранување ситна прашина на
цврсти подови со оптимална рамнотежа помеѓу моќноста и ефикасноста.
-
Висока: за темелно чистење големи подови. Може да чисти повеќе со едно
полнење отколку максималниот режим.
-
Максимално: идеално за отстранување големи нечистотии како што се
трошки. Силната моќност на смукање отстранува ситни честички од
прашина навлезени длабоко во теписите и процепите.