Македонски
826
1
2
Преземете ја апликацијата, регистрирајте се и поврзете се
со Wi-Fi
3 Притиснете го роботот на станицата така што контактите за полнење на
роботот ќе направат контакт со контактите за полнење на станицата.
Забелешка: Осигурете се дека роботот е во правилната положба и
дека почнал да се полни. Светлата во двете копчиња на горниот дел од
роботот трепкаат бавно. Ако батеријата е празна, може да биде
потребно некое време пред роботот да укаже дека се полни.
Внимание: Дури и доколку го полните роботот првпат, станицата ќе
почне да го празни роботот со смукање. Тоа не е грешка, туку дел од
нормалната постапка за полнење.
4 Почекајте сѐ додека роботот не биде целосно наполнет.
Забелешка: Осигурете се дека роботот е целосно наполнет пред да го
користите првпат.
Забелешка: Белото LED-светло на станицата исто така се пали за да укаже
дека роботот се полни.
Содржина на апликацијата
Можете да ракувате со роботот со апликацијата за роботи Philips HomeRun.
Апликацијата ви овозможува да управувате со роботот и ви нуди помош и
поддршка:
1 Видеа со упатства за користење.
2 Целосен прирачник за корисниците.
3 ЧПП.
4 Контактирајте со центарот за грижа за корисниците.
5 Направете карта од вашиот дом.
6 Изберете кои соби да се чистат.
7 Избирајте помеѓу различни режими на чистење и поставки за секоја
соба.
8 Прегледајте ја состојбата на чистењето во реално време и видете го
нивото на батеријата.
9 Добивајте известувања и тревоги.
10 Закажете чистење.
11 Видете ја состојбата со одржувањето и најдете резервни делови.
Преземање на апликацијата
1 Скенирајте го QR-кодот на насловната страница од овој прирачник за
корисниците или на пакувањето на роботот.
Или:
Пребарајте „Philips HomeRun robot app" во Apple App Store или на една
од Android App Stores.
2 Преземете и инсталирајте ја апликацијата.
3 Следете ги упатствата во апликацијата.