Автоматска резервна копија
Ако оваа функција е овозможена, резервните
копии автоматски се зачувуваат на поврзаниот
USB мемориски уред.
1. Вметнете USB мемориски уред во еден од
двата USB отвори на уредот за управување со
енергија (USB меморискиот уред има ext4 или
FAT32 податочен систем).
2. Овозможете ја функцијата.
3. Assign password: Внесете лозинка.
Лозинката ги заштитува вашите податоци и
мора да се внесе кога ја вчитувате или ја
обновувате резервната копија.
Информации
Сè уште е возможно да се вршат рачни резервни
копии.
5. Избирање мрежна врска
За да го користите уредот за управување со
енергија преку Web Application, вашиот уред
(персонален компјутер, таблет или паметен
телефон) и уредот за управување со енергија
мора да бидат поврзани на домашната мрежа
(преку WiFi, PLC или Етернет врска). Сите функции
на Web Application може да се користат преку
интернет врската на домашната мрежа.
Ако на местото на користење нема домашна
мрежа, вашиот уред може да се најави во
уредот за управување со енергија директно преку
неговото WiFi пристапно место. Но, во тој случај,
нема интернет врска и достапни се само локално
инсталираните функции.
Информации
Поврзувањето со Hotspot треба да се деактивира
во Web Application само доколку е можно
поврзување во домашна мрежа.
g Погледнете во прирачникот за ракување со
Porsche Home Energy Manager.
e
Изберете ја саканата мрежна врска (WiFi,
Powerline Communication (PLC), Етернет).
WiFi
Уредот за управување со енергија може да се
поврзе со постоечка WiFi мрежа, на пр. преку
мрежен рутер.
Режимот за клиент се активира во Web Application.
Уредот за управување со енергија може да се
додаде на мрежата рачно со внесување лозинка
или автоматски користејќи ја WPS функцијата.
Ако уредот за управување со енергија е поврзан
со мрежниот рутер, автоматски добива IP адреса
во која можете да ги погледнете поставувањата на
уредот за управување со енергија и рутерот.
За да користите WiFi врска, WiFi мрежата мора да
се прими на локацијата каде се користи уредот.
Дали вашиот паметен телефон, кој е најавен во
вашата WiFi мрежа има WiFi прием на локацијата
каде се користи уредот за управување со енергија?
Ако сигналот е слаб, може да се подобри со
преместување на WiFi рутерот или користејќи WiFi
повторувач.
1. Овозможете WiFi.
Се прикажуваат достапни WiFi мрежи.
2. Додадете го уредот за управување со енергија
на WiFi мрежата:
Започнување на почетно инсталирање
–
Опција 1: со внесување лозинка
–
Изберете ја вашата мрежа од листата
и внесете го безбедносниот код.
Other network: Изберете го ова
доколку се работи за мрежа што не
е на листата.
–
Изберете дали автоматски да се
назначи IP адресата (препорачливо).
–
Опција 2: со WPS функција
–
Притиснете го копчето WPS на
мрежниот рутер.
–
Во рок од 2 минути притиснете го
копчето WPS во Web Application и
изберете ја соодветната мрежа од
достапните мрежи.
IP адресата се појавува штом се
воспостави врска со мрежата.
Статусот Connected се појавува покрај
мрежата на листата.
Powerline Communication (PLC)
Со Powerline Communication, комуникацијата се
извршува преку електричната мрежа. За да се
случи тоа, постоечката електрична мрежа се
користи за да се постави локална мрежа за пренос
на податоци.
Постојат две опции за поврзување на уредот за
управување со енергија со PLC мрежа:
757