Воспоставување врска со
уредот
За да се овозможи пристап до Web Application
на уредот за управување со енергија, мора
да се воспостави врска помеѓу вашиот уред
(персонален компјутер, таблет или паметен
телефон) и уредот за управување со енергија.
За преглед на сите опции за врска, g Видете
во поглавјето „5. Избирање мрежна врска" на
страница 757.
e
Изберете го типот на врска соодветна за
актуелната јачина на сигналот и достапноста.
Пренасочување кон Web Application
Информации
Во зависност од прелистувачот кој се користи,
Web Application не се отвора веднаш, туку прво
се прикажува белешка за безбедносните поставки
на прелистувачот.
1. Во пребарувачот се прикажува
предупредувачка порака, изберете Advanced.
2. Во следното поле за дијалог, изберете Add
exception.
SSL сертификатот се потврдува и Web
Application се отвора.
WiFi
Постојат две можности за поврзување преку WiFi
врска:
–
Пристапно место:
Уредот за управување со енергија има
безжично пристапно место (hotspot), коешто
е заштитено со лозинка и за него е потребно
рачно најавување. Краен уред способен за
остварување WiFi врска може да се поврзе
со пристапното место и потоа да пристапи до
Web Application на уредот за управување со
енергија.
–
WiFi мрежа преку WPS функција:
Уредот за управување со енергија може да се
поврзе со постоечка домашна мрежа, (на пр.
мрежен рутер), со помош на WPS функцијата,
без внесување на лозинка.
Отворање на Web Application преку
пристапно место
b Уредот за управување со енергија е вклучен.
Уредот за управување со енергија автоматски
го отвора неговото WiFi пристапно место.
1. Ако WiFi status не трепка или не свети сино,
притиснете го копчето WiFi на уредот за
управување со енергија.
2. На вашиот уред, притиснете ја иконата на
мрежата или на WiFi на лентата со задачи или
во делот за нотификации.
3. Изберете ја WiFi мрежата од листата. Името
на WiFi мрежата е исто како SSID во писмото
што ги содржи податоците за пристап и се
прикажува како HEM-#######.
4. Изберете го копчето Connect.
5. Внесете го безбедносниот код. Безбедносниот
код е прикажан како WiFi PSK во писмото кое
ги содржи вашите податоци за пристап.
Врската со WiFi мрежата е воспоставена.
Воспоставување врска со уредот
Напомена: Во оперативниот систем
Windows 10 од вас прво ќе се побара да
го внесете PIN кодот на рутерот. Изберете
го линкот Establish connection with PLC
security code, а потоа внесете го кодот.
6. Отворете го вашиот пребарувач.
7. Внесете ја IP адресата на уредот за
управување со енергија во редот за адресата
на вашиот пребарувач: 192.168.9.11
– или –
Внесете ја DNS адресата на уредот за
управување со енергија во редот за адресата
на вашиот пребарувач: https://porsche.hem
g Погледнете во прирачникот за ракување со
Porsche Home Energy Manager.
Отворање на Web Application преку WiFi
(WPS функција)
1. Притиснете го копчето WPS на мрежниот
рутер.
2. Во рок од 2 минути, притиснете го копчето
WPS на уредот за управување со енергија.
3. Изберете ја соодветната мрежа во
поставувањата на рутерот и дознајте ја IP
адресата на уредот за управување со енергија.
4. Внесете ја IP адресата на уредот за
управување со енергија во редот за адресата
на вашиот пребарувач.
g Погледнете во прирачникот за ракување со
Porsche Home Energy Manager.
753