Сл. 308: Пример за инсталација на струен трансформатор
Водење на поврзувачките кабли
Пред монтирање каква било опрема, водете
ги поврзувачките кабли во разводниот ормар
согласно локалните регулативи и заштитете ги
сите електрични интерфејси од контакт.
e
Користете соодветни кабли за монтирање
согласно локалните регулативи.
e
Пресечете ги каблите за монтирање по
должина за да одговараат на достапниот
простор и на локациите каде што се монтира.
e
Осигурете дека каблите за монтирање
соодветствуваат со радиусите на свиткување
специфични за производот со цел да спречите
дефекти со каблите и хардверот.
Поврзување со инсталацијата на
зградата
НАПОМЕНА
Неправилно доделување фаза
Неправилното доделените фази може да
доведат до неточни резултати и неправилно
функционирање.
При поврзување со повеќефазна електрична
мрежа, осигурајте се дека фаза на домашната
инсталација одговара на фаза во поврзувањето
на Porsche уредот за полнење и доколку
е применливо, фаза на инвертерот на
фотонапонскиот систем. Никаде не треба да
има фазни скокови, бидејќи во спротивно,
функциите за полнење со индивидуални фази
нема да функционираат. Со ова монтирање,
трансформаторите за струја може да ги доделите
на изворите на електрична енергија и на
Инсталација и поврзување
потрошувачите на електрична енергија во Web
Application во нормална фазна секвенца (на пр.
L1-L2-L3), како за фазите за мерење напон.
Поврзете ги сите уреди на постоечката
инсталација во зградата согласно локалните
регулативи и стандарди.
Комуникација на кабелот за полнење со
уредот за управување со енергија
–
Интелигентниот кабел за полнење има
повеќефазно поврзување (електричен
приклучок или постојано монтиран):
e
Осигурете се дека фазите на уредот за
управување со енергија и кабелот за полнење
си одговараат.
–
Интелигентниот кабел за полнење има
поврзување со единечна фаза:
e
Кога фазите ги доделувате во Web Application,
употребете ја фазата со која што е поврзан
интелигентниот кабел за полнење.
Поврзување на надворешна главна
единица за напојување
e
Следете ги упатствата за монтирање од
производителот.
749