7. Притиснете го копчето за големина на векна LOAF SIZE за да ја изберете
саканата големина на лебот.
8. Поставете го одложувањето за почеток со притискање на копчето за време TIME.
Прерипнете го овој чекор, ако сакате уредот веднаш да почне да работи.
9. Притиснете го копчето START / STOP за да го стартувате уредот и лабмичка за
работа ќе свети.
10. За програмите Основен, Француски, Цело зрно, Сладок, Безглутенски, Сендвич и
Путер, во текот на работата ке се слушне звучен сигнал 10 пати. Тој ве потсетува да
ги додавате состојките. Отворете го капакот и ставете ги потребните состојки. Можно
е во текот на печењето низ отворите за вентилација да излегува пареа. Тоа е
нормално.
11. Кога ќе се заврши процесот, се слушаат 10 звучни сигнали и работната ламба ќе
се исклучи. Притиснете го копчето START / STOP околу 2 секунди за да го
прекинете процесот и извадете лебот. Отворете го капакот користејќи ги
ракавица за рерна, цврсто фатете ја рачката на садот . Свртете го садот за леб
спротивно од стрелките на часовникот до положбата за отклучување, а потоа
извадете го од апаратот.
12. Користете не леплива шпатула за да го отстраните лебот од страната на садот.
ВНИМАНИЕ: садот за леб и лебот можат да бидат многу жешки! Секогаш
внимателно ракувајте и користете ракавици.
13. Свртете го садот за леб наопаку на чиста работна површина и нежно протресете
го за да го олабавите и ослободите лебот.
14. Извадете го лебот од садот внимателно и почекајте да се олади 20 минути пред
сечењето.
15. Ако сте надвор од просторијата или не сте го притиснале копчето START /
STOP на крајот на операцијата, лебот автоматски ќе се загрева 1 час , и ако
сакате да го извадите лебот, исклучете ја програмата со притискање на копчето
START/STOP.
16. Кога уредот не е во употреба или кога заврши со работа, исклучете го кабелот за
напојување.
ВНИМАНИЕ: Пред да ја сечете векната, користете кука за да ја извадите
лопатката за мешање која е скриена на дното на лебот. Никогаш не
отстранувајте ја лопатката за мешање со рака затоа што векната е врела.
СПЕЦИЈАЛЕН ВОВЕД
За брзи леб
Брзите видови леб се прават со сода и со прашок за печиво кои ги активира влага и
топлина. За совршени брзи видови леб се препорачува сите течности да се стават
на дното на садот за леб, а сувите состојки врз нив. При првичното мешање на
брзиот леб сувите состојки би можеле да се насоберат во аглите на садот, и можеби
би требало да му се помогне на уредот при мешањето за да се избегнат грутчиња
брашно. Ако е така, користете гумена лопатка.
ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
Исклучете го апаратот од штекерот и оставете го да се излади пред да го чистите.
1. Сад за леб: Избришете ја внатрешноста и надворешноста на садот со тампонска
ткаенина. Не користете остри абразивни производи за да спречите оштетување на
заштитниот слој. Садот мора целосно да се исуши пред да го вратите назад.
2. Лопатка за мешање: Ако е тешко да се помести лопатката од основата,
наполнете го садот со топла вода и оставете го да отстои околу 30 минути. После
тоа ќе биде лесно да се отстрани лопатката за мешање и може да се измие.
Избришете ја лопатката со влажна крпа. Имајте на ум дека садот за леб, лопатката
за мешање и садот за состојки можат да се перат во машина за миење садови.