БОЈА - COLOR
Со копчето можете да изберете ПОСВЕТЛА, СРЕДНА или ТЕМНА боја на
кората. Притиснете го ова копче за избор на бојата. Овој клуч не може да се
користи за програми Тесто и Мешање.
ГОЛЕМИНА НА ВЕКНАТА
Притиснете го ова копче за да ја изберете големината на лебот . Имајте на ум дека
вкупното работно време може да варира во зависност од различната големина на
векната. Ова не може да се користи со програмите Брзо, Тесто, Торта, Мешање и
Печење.
Одложување време - функција DELAY
Во случај да не сакате веднаш да го вклучите уредот, поставете го времето на
одложување користејќи го ова копче.
Пред да го притиснете копчето TIME, одредете кога сакате лебот да биде
подготвен. Имајте на ум дека одложеното време за започнување исто така го
вклучува и времето за печење на вашата избрана програма. Тоа е, по завршувањето
на функцијата за одложен почеток, може да се сервира топол леб.
Прво треба да ја изберете програмата и бојата на кората, а потоа притиснете " TIME "
за да го зголемете времето на одложување. При секое притискање, времето се
продолжува за 10 минути (со краток звучен сигнал). Максималното време на
одложување е 13 часа.
Пример: Сега е 20:30 и сакате печен леб во 7:00 часот следниот ден
тоа е за 10
часа и 30 минути. Изберете програма за боја и големина на дупчето, потоа
притиснете копче "+ за да додадете време се додека на индикаторот LCD не испише
10:30. После тоа притиснете го копчето START/STOP, со кое ја активирате
програмата со одложено време на почеток. Точките на времето на LCD екранот
трепкаат и броевите се бројат на LCD екранот за да ви го покажат преостанатото
време. Свеж леб ќе биде подготвен за вас во 7:00 часот наутро. Ако веднаш не го
отстранете лебот, започнува функцијата за Одржување на топлина со време траење
од 60 минути.
Напомена: 1.Ово копче не може да се користи со програмата Печење.
2. При одложено печење не користете лесно расипливи продукти како јајца,
свежо млеко, овошје, лук и сл.
ОДРЖУВАЊЕ ТОПЛИНА - KEEP WARM
Лебот може автоматски да се одржува топол во траење од 60 минути после печењето.
Ако сакате да го извадите лебот исклучете ја програмата со копчето START/STOP.
МЕМОРИЈА
Доколку во текот на правењето леб снемало струја, постапката за правење леб ке
продолжи автоматски после 10 минути, дури и без притискање на копчето START/
STOP. Доколку нема струја повеке од 10 минути не е можно да се одржи меморијата,
па неопходно е повторно придвижување на програмата. Но ако тестото не стигнало
подалеку од фазата на мешање, можете директно да го притиснете копчето START/
STOP за продолжување на програмата од почеток.
РАБОТНА ОКОЛИНА - ROOM TEMPERATUE
Уредот може добро да работи во широк опсег собни температури, но може да постои
разлика во големината на векната мегу многу топли и многу студени простории.
Препорачуваме собна температура во распон од 15°C до 34°C.