Philips HD9875 Manual Del Usuario página 741

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 139
Македонски
744
Рачно готвење
Термометар за храна
1 Излупете ги компирите и исечкајте ги во форма на стапчиња.
Поголемиот помфрит обично е помалку крцкав од помалиот помфрит.
2 Потопете ги стапчињата од компир во сад со вода најмалку 30 минути.
3 Испразнете го садот и исушете ги стапчињата од компир со крпа за
садови или со хартиена крпа.
4 Сипете една супена лажица масло за јадење во садот, ставете ги
стапчињата во садот и мешајте сè додека стапчињата не се премачкаат
со масло.
5 Отстранете ги стапчињата од садот со прсти или кујнски прибор со
дупчиња за вишокот масло да остане во садот.
Немојте да го навалувате садот за да ги истурите сите стапчиња во
корпата одеднаш за да вишокот масло не влезе во тавата.
6 Ставете ги стапчињата во корпата.
7 Стартувајте ја програмата за автоматско готвење за домашен помфрит и
протресете го кога ќе бидете известени.
1 За да влезете во режим на рачно готвење, притиснете го копчето за
температура или копчето за време.
2 Ако сте го избрале копчето за температура, завртете го ротирачкиот
регулатор за да ја поставите посакуваната температура меѓу 40 °C и 200
°C, а потоа притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите.
3 Поставете го времето на готвење со тоа што ќе го завртите ротирачкиот
регулатор. Можете да изберете време од 1 до 180 минути.
Забелешка: Ако го притиснете ротирачкиот регулатор без да поставите
време, режимот за претходно загревање ќе биде активиран и ќе добиете
звучно известување кога ќе се достигне посакуваната температура.
4 Изберете голема или мала брзина на воздухот со притиснување на
копчето за брзина на воздухот и избирање на вашите претпочитани
параметри.
5 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да потврдите и за да започнете
со готвење.
Забелешка: За да добиете потсетник за тресење откако ќе измине
половина од времето за готвење, овозможете го копчето за потсетник за
тресење.
Забелешка: Ако треба да го паузирате процесот на готвење за да ја
протресете храната, да додадете состојки или да ги приспособите
параметрите за готвење, притиснете го ротирачкиот регулатор. За да
продолжите со готвење, повторно притиснете го ротирачкиот регулатор.
Имајте предвид дека, за да можете да ја користите функцијата за
термометар за храна, потребно е посебно да го купите термометарот за
храна (HD9959). Откако ќе го купите термометарот, следете ги следните
чекори.
loading

Este manual también es adecuado para:

Hd9875/90