Philips HD9875 Manual Del Usuario página 735

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 139
Македонски
738
Внимание: Овој уред може да испушта чад при првото користење. Тоа е
нормално.
1 Ставете го апаратот на стабилна, хоризонтална и рамна површина
којашто е отпорна на топлина. Проверете дали фиоката може целосно
да се извлече.
Забелешка: Не поставувајте ништо врз или од страните на апаратот. Тоа
може да го попречи протокот на воздух и да влијае на пржењето.
2 Извлечете го кабелот за напојување од преградата за чување на кабелот
на задната страна од апаратот.
3 Вметнете го приклучокот во ѕидниот штекер.
4 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката.
5 Ставете ги состојките во корпата.
Забелешка: Немојте да ја полните корпата над индикаторот „MAX"
бидејќи ова може да влијае на квалитетот на крајниот резултат.
6 Турнете ја фиоката во апаратот Airfryer.
7 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да го вклучите апаратот.
8 Изберете го начинот на готвење кој го сакате (погледнете во поглавјето
„Режими на готвење").
9 Одлучете дали сакате да го користите рачниот режим, да изберете
програма за автоматско готвење или да ја користите сондата за
температура за готвење (погледнете во „Режими на готвење").
Внимание: Никогаш не користете ја тавата без корпата во неа. Ако
го загревате апаратот без корпа, користете заштитни ракавици за да
ја извлечете фиоката. Рабовите и внатрешноста на фиоката многу се
вжештуваат.
loading

Este manual también es adecuado para:

Hd9875/90