Внимание: Не допирајте ја тавата и корпата за време на
користењето и одредено време по употребата, бидејќи се многу
жешки.
10 Притиснете го ротирачкиот регулатор за да започнете со готвењето.
Забелешка: Можете да го притиснете ротирачкиот регулатор за да го
паузирате процесот на готвење и да го завртите за да ги промените
поставките за готвење. За да продолжите со готвењето, притиснете го
повторно ротирачкиот регулатор.
11 Кога ќе го слушнете ѕвончето на тајмерот, време е да ја протресете
храната или времето на готвење изминало.
Забелешка: Секогаш проверувајте дали храната е соодветно зготвена
пред да ја послужите.
Забелешка: Некои програми за автоматско готвење ве известуваат кога е
потребно да ја тресете или завртите храната. Апаратот Airfryer ќе
испрати звучен сигнал кога е време за тресење или вртење.
Забелешка: Најдобриот начин за тресење е да ја отворите фиоката и да
ја кренете корпата од тавата и да ја протресете. Тогаш, вратете ја тавата
со корпата назад во апаратот. Апаратот автоматски ќе продолжи со
готвење.
Забелешка: За да откажете тековен процес, вратете се кон главното
мени со тоа што ќе го притиснете копчето за враќање.
12 Извлечете ја фиоката така што ќе ја повлечете за рачката и проверете
дали се готови состојките.
Забелешка: Ако храната не е зготвена според вашето посакувано ниво
на подготвеност, додајте повеќе време со притиснување на копчето за
време и поставување на време. Притиснете го ротирачкиот регулатор за
да готвите уште неколку минути.
13 За да ги отстраните малите состојки (на пр. помфрит), извадете ја
корпата од тавата држејќи ја за рачката.
Внимание: Откако ќе заврши процесот на готвење, тавата, корпата,
внатрешноста и состојките се жешки. Во зависност од видот на
состојките во Airfryer, од тавата може да излезе пареа.
Македонски
739