Г) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) ВНИМАНИЕ! – Извадете го капачето
на свеќичката и прочитајте го соодветно-
то упатство пред да започнете какви било
дејства за одржување или поправка. Носете
соодветна облека и ракавици за работа во
сите ситуации каде има ризик за рацете.
2) ВНИМАНИЕ! – Никогаш не користете ја
машината со користени или оштетени дело-
ви. Оштетените или дефектните делови тре-
ба да се заменат, никогаш да не се попра-
ваат. Користете само оригинални резервни
делови: употребата на делови коишто не се
оригинални и/или несоодветно поставени
може да ја оштетат машината и безбеднос-
ните компоненти, доведат до инциденти или
лични повреди, а со тоа производителот се
ослободува од секоја обврска или одговор-
ност.
3) Сите операција за одржување и регулација
што не се опишани во ова упатство треба да
ги спроведе застапникот или специјализиран
сервисен центар бидејќи знаат како и ги има-
ат неопходните инструменти со коишто ра-
ботата ќе се заврши правилно, земајќи го во
предвид првибитниот степен на безбедност
на машината. Сите операции што се изведе-
ни на несоодветен начин и од неквалифику-
вани лица придонесуваат да се изгуби секоја
форма на гаранција и секој облик на обврска
на производителот.
4) Сите завртки и навртки одржувајте ги
соодветно зацврстени за да бидете сигур-
ни дека машината е безбедна за работа.
Редовното одржување е основен предуслов
за безбедност и за одржување на правилна
работа на машината.
5) Не извршувајте интервенции врз маши-
ната ако не се опишани во ова упатство, се-
когаш повикајте се на компетентноста на
стручни лица.
6) Никогаш не чувајте ја машината со полн
резервоар во просторија каде испарувањата
може да допрат до отворен пламен, искра
или до извор на топлина.
7) Оставете моторот да се излади пред да
се остави машината во која било просторија.
8) За намалување на ризикот од запалување,
чувајте ги моторот и придушувачот во корпа и
на место и простор за складирање настрана
од слободно гориво или остатоци од сечење,
траги на прекумерни масла; не оставајте ја
полната корпа во затворен простор.
9) Ако резервоарот треба да се испразни,
истото треба да се прави на отворено и кога
моторот е изладен.
10) Носете чизми за работа при секоја
интервенција за одржување.
11) Пред одлагање на машината, проверете
дали се отстранети сите клучеви или алатки
што биле користени за одржување.
12) Чувајте ја машината подалеку од дофат
на деца!
13) Проверувајте ја често вреќата за
собирање за да избегнете епизоди на
оштетување и намален квалитет при рабо-
тата.
Д) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секогаш кога е потребен пренос или
транспорт на машината потребно е:
• д а се исклучи моторот и да се откачи капа-
чето на свеќичката;
• д а се фати машината само за рачките и
да се насочат цевките за да претставува-
ат пречка.
2) Кога машината се транспортира со вози-
ло, треба да се извадат цевките и да се по-
стави на тој начин за да не предизвикува
опасност за никој и да се фиксира цврсто за
да се избегне превртување со можност за
оштетување и истекување на горивото.
Ѓ) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба
да се извршува релевантно и приоритет-
но при употреба на машината во корист на
граѓанските погодности и на просторот во
кој живееме. Избегнувајте појава на еле-
менти што го нарушуваат непосредното
опкружување.
• Д оследно следете ги локалните закони
за фрлање на амбалажата, маслата, бен-
зинот, акумулаторот, филтрите, делови во
распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина.
Овие отпадоци не смее да се фрлаат во
ѓубре туку треба да се селектираат и одне-
сат во соодветни собирни центри кои реци-
клираат материјали.
• С ледете ги во целост локалните закони за
фрлање на материјалите.
• П ри исфрлање од употреба, не оставајте
ја машината каде било во природата, туку
предајте ја во собирен центар во соглас-
ност со важечките локални закони.
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветните слики за на-
соките се наоѓаат од стр. v во ова упат-
ство.
5