Одржување
Места за подмачкување:
■
Подмачкајте ги чеповите за подмачкување
на десните и левите зглобови(11) со
повеќенаменска маст.
■
Напрскајте масло на лагерот од предната
осовина на рамката (10).
■
Подмачкајте го забестиот сегмент и
управувачкиот запченик на управувачката
кутија (12) користејќи повеќенаменска
маст.
■
Подмачкајте ги валчестото лежиште и
главчината на предната и задната осовина
(13) со повеќенаменска маст.
НАПОМЕНА
Предните и задните тркала мора да
се извадат за подмачкување на
осовините и лагерите.
■
Вртливи и лагерски точки: Подмачкување на
сите подвижни вртливи и лагерски точки.
10.3 Промена на тркало
Промената на тркалото смее да се врши само
на хоризонтална и цврста подлога.
1. Исклучете ја тракторската косилка и
извлечете го контактниот клуч.
2. Притиснете ја целосно педалата за
кочење (03/1) и заклучете ја со лостот за
заклучување (03/2).
3. Осигурајте ја тракторската косилка со
клоцни против оттркалување. Ставете ја
клоцната под страната којашто не се подига.
4. Користете соодветна опрема за кревање
(на пр. дигалка со ножици) за да ја
подигнете тракторската косилка на
страната каде што треба да се смени
тркалото. Подигнете го тракторот сè
додека тркалото коешто треба да се
смени може слободно да се врти.
Внимание! Опасност од штети на
уредот.
При подигањето внимавајте да не
искривите некои елементи на
тракторот. Поставувајте ја дигалката
само на стабилни метални делови.
5. Осигурајте ја тракторската косилка на
еден носечки елемент од шасијата со
стабилна подлога (на пр. дрвен блок) така
што дури и при слизнување или
превртување на дигалката да не може да
се спушти.
6. Извадете го заштитното капаче (09/1).
7. Истиснете ја сигурносната шајбна (09/2) со
шрафцигер. Внимавајте да не се изгуби.
8. Извлечете ја подлошката (09/3).
9. Извадете го тркалото од осовината.
Напомена: Да не го изгубите перото
кога ги вадите задните тркала од
осовината!
10. Исчистете ја осовината и дупката во
тркалото пред повторно монтирање и
намачкајте ги двете со повеќенаменска
маст.
11. Ставете го тркалото на осовината.
Напомена: Кога ги ставате задните
тркала, проверете дали жлебовите на
перото и задното тркало се израмнети
така што перото може да се притисне
навнатре без употреба на сила.
12. Ставете ја подлошката на осовината.
13. Притиснете ја сигурносната шајбна во
жлебот на осовината. Ако евентуално
користите клешти внимавајте да не ја
оштетите осовината со клештите.
14. Ставете го заштитното капаче на
осовината.
15. Отстранете ја сигурносната подлошка и
спуштете го тракторот внимателно на
подот со дигалката.
10.4 Акумулатор
Не е доставен полнач за акумулаторот на
тракторската косилка.
Точен назив на акумулаторот: види ја
акумулаторската кутија. Акумулаторот се
наоѓа под капакот на моторот.
Акумулаторот во основа се доставува
фабрички наполнет.
Безбедносни напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасност од погрешно ракување со
акумулаторот!
За избегнување на опасности коишто
може да произлезат од неправилно
ракување со акумулаторот,
почитувајте ги следните точки!
■
Не го складирајте акумулаторот во
непосредна близина на отворени
пламени, не го палете или ставајте на
грејни тела. Се заканува опасност од
експлозија.
465