План За Подмачкување; Промена На Тркало; Акумулатор - AL-KO solo Comfort 220 l Traducción Del Manual Original De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para solo Comfort 220 l:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 92
Одржување и нега
10.2 План за подмачкување
За да се обезбеди лесното движење на
подвижните делови ние ви препорачуваме да
ги подмачкате најмалку еднаш годишно
следниве места.
Користете крпа за чистење на сите точки за
подмачкување пред мачкање со маст или
прскање. Не користете вода за да избегнете
можна корозија.
Места за подмачкување:
Подмачкајте ги чеповите за подмачкување
(18/1) на десните и левите зглобови со
повеќенаменска маст.
Напрскајте масло на лагерот од предната
осовина на рамката (18/2).
Подмачкајте го забестиот сегмент (19/1) и
управувачкиот запченик на управувачката
кутија користејќи повеќенаменска маст.
Подмачкајте ги валчестото лежиште (17/1)
и главчината на предната осовина (20/1) и
задната осовина (20/2) со повеќенаменска
маст.
НАПОМЕНА
Предните и задните тркала мора да
се извадат за подмачкување на
осовините и лагерите.
Вртливи и лагерски точки: Подмачкување
на сите подвижни вртливи и лагерски
точки.
10.3 Промена на тркало
Промената на тркалото смее да се врши само
на хоризонтална и цврста подлога.
1. Исклучете ја тракторската косилка и
извлечете го контактниот клуч.
2. Притиснете ја целосно педалата за
кочење (03/1) и заклучете ја со лостот за
заклучување (03/2).
3. Осигурајте ја тракторската косилка со
клоцни против оттркалување. Ставете ја
клоцната под страната којашто не се
подига.
4. Користете соодветна опрема за кревање
(на пр. дигалка со ножици) за да ја
подигнете тракторската косилка на
страната каде што треба да се смени
тркалото. Подигнете го тракторот сè
додека тркалото коешто треба да се
смени може слободно да се врти.
Внимание! Опасност од штети на
уредот.
При подигањето внимавајте да не
искривите некои елементи на
тракторот. Поставувајте ја дигалката
само на стабилни метални делови.
5. Осигурајте ја тракторската косилка на
еден носечки елемент од шасијата со
стабилна подлога (на пр. дрвен блок) така
што дури и при слизнување или
превртување на дигалката да не може да
се спушти.
6. Извадете го заштитното капаче (16/1).
7. Истиснете ја сигурносната шајбна (16/2) со
шрафцигер. Внимавајте да не се изгуби.
8. Извлечете ја подлошката (16/3).
9. Извадете го тркалото од осовината.
Напомена: Да не го изгубите перото
кога ги вадите задните тркала од
осовината!
10. Исчистете ја осовината и дупката во
тркалото пред повторно монтирање и
намачкајте ги двете со повеќенаменска
маст.
11. Ставете го тркалото на осовината.
Напомена: Кога ги ставате задните
тркала, жлебовите на перото и задното
тркало мора да бидат израмнети така
што перото може да се притисне
навнатре без употреба на сила.
12. Ставете ја подлошката на осовината.
13. Притиснете ја сигурносната шајбна во
жлебот на осовината. Ако евентуално
користите клешти внимавајте да не ја
оштетите осовината со клештите.
14. Ставете го заштитното капаче на
осовината.
15. Отстранете ја сигурносната подлошка и
спуштете го тракторот внимателно на
подот со дигалката.
10.4 Акумулатор
Не е доставен полнач за акумулаторот на
тракторската косилка.
Точен назив на акумулаторот: види ја
акумулаторската кутија. Акумулаторот се
наоѓа под капакот на моторот.
Акумулаторот во основа се доставува
фабрички наполнет.
521
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Solo comfort 300 l

Tabla de contenido