Предупредување
-
Во случај на оштетување, кабелот за напојување мора да го замени
компанијата Philips, нејзин сервисер или други лица со слични
квалификации за да се избегне опасност.
-
Апаратот приклучувајте го само во заземјен ѕиден штекер, заштитен со
земјоспојно реле.
-
Секогаш проверувајте дали приклучокот правилно сте го вметнале во
штекерот.
-
Овој апарат не е наменет за употреба со надворешен тајмер или со
засебен систем за далечинско управување.
-
Површините што се допираат може да станат врели додека работи
апаратот.
-
Овој апарат може да го користат деца постари од 8 години и лица со
ограничени физички, сензорни или ментални способности или лица со
недостаток на искуство и знаење, под услов да се под надзор или да
добиле упатства за безбедно користење на апаратот и да ги разбираат
можните опасности.
-
Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистење и корисничко
одржување смеат да вршат деца постари од 8 години под надзор на
возрасно лице.
-
Апаратот и кабелот држете ги подалеку од дофат на деца помлади од 8
години.
-
Немојте да го потпирате апаратот на ѕид или на други апарати. Оставете
најмалку 10 cm слободен простор од задната страна, од двете бочни
страни и над апаратот. Не ставајте ништо врз апаратот.
-
За време на пржењето со врел воздух, од отворите за излез на воздух се
ослободува врела пареа. Држете ги рацете и лицето на безбедно
растојание од пареата и од отворите за излез на воздух. Исто така,
внимавајте на врелата пареа и воздухот кога ја вадите тавата од
апаратот.
-
Никогаш не користете лесни состојки или хартија за печење во апаратот.
-
Површините што се допираат може да станат врели додека работи
апаратот.
-
Складирање компири: температурата мора да биде соодветна на
складираната сорта компир и мора да биде над 6 °C за да се
минимизира ризикот од изложеност на акриламид во подготвената
храна.
-
Никогаш немојте да ја полните тавата со масло.
-
Бидејќи овој Airfryer има две комори за готвење, неговата електрична
моќност е голема. Не користете други моќни апарати на исто струјно
коло во исто време (на пр. апарати за варење вода, електрични скари и
слично). Во спротивно, може да се случи сигурносниот прекинувач во
инсталацијата на вашата куќа да се активира и да го прекине
напојувањето во овој штекер.
-
Апаратот е предвиден за употреба при амбиентални температури
помеѓу 5 °C и 40 °C.
-
Пред да го вклучите апаратот, проверете дали напонот наведен на
апаратот одговара на напонот на локалната електрична мрежа.
-
Кабелот за напојување држете го подалеку од жешки површини.
551
Македонски