Опис на производот
3 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Ова упатство за работа опишува разни
модели на рачно водени косачки за трева на
акумулаторски батерии од марките AL‑KO и
solo by AL‑KO со различни опреми. Опремите
на поединечните модели се претставени во
техничките податоци на упатството за
монтажа.
Уредот смее да се користи само заедно со
литиум-јонските батерии и полначи наведени
во техничките податоци. За повеќе
информации за батериите и полначите,
погледнете ги посебните упатства:
■
Упатство за работа 441630: Литиум-јонска
батерија B150 Li (B05-3640G), B200 Li
(B05-3650G)
■
Упатство за работа 441633: Полнач C130
Li (C05-4230)
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетување на
уредите и батериите. Ако уредот се користи
со несоодветни батерии, може да се оштетат
уредот и батериите.
■
Користете го уредот само со пропишаните
акумулаторски батерии.
3.1
Прописна примена
Овој уред е наменет само за косење на
тревници и смее да се користи само на сува
трева.
Овој уред е наменет исклучиво за приватна
употреба. Секоја друга примена како и
недозволено преправање или доградба ќе се
смета за злоупотреба и се исклучува правото
на гаранција како и губењето на сообразноста
(CE-ознака) и производителот не сноси
никаква одговорност за штети на корисникот
или на трети лица.
3.2
Можна предвидлива погрешна
употреба
Уредот не е предвиден ниту за комерцијална
употреба во јавни паркови и спортски објекти
ниту за употреба во земјоделството и
шумарството.
■
Да не го користите уредот при дожд или на
мокра трева.
■
Безбедносните направи не смеат да се
демонтираат или премостуваат.
3.3
Ризици од остатоци
Исто така и при прописна примена на
апаратот останува секогаш еден одреден
преостанат ризик кој не смее да се исклучи.
495504_a
Од видот и конструкцијата на уредот може да
настанат следните потенцијални опасности во
зависност од примената:
■
Отфрлање на откос, земја и мали камења.
■
Вдишување на честици од откосот ако не
се носи заштита за дишење.
■
Исеченици при посегнување во
движечкиот нож за сечење.
3.4
Безбедносни и заштитни уреди
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од
повреда. Неисправни или исклучени
безбедносни и заштитни направи може да
доведат до тешки повреди.
■
Поправете ги неисправните заштитни и
безбедносни направи.
■
Никогаш да не ги исклучувате заштитните
и безбедносните направи.
Сигурносен клуч
За избегнување на ненамерно вклучување
уредот е опремен со сигурносен клуч.
Исклучете го моторот пред одржување и
секогаш извлечете го сигурносниот клуч.
Безбедносна рачка / безбедносна прачка
Уредот е опремен со безбедносна рачка /
безбедносна прачка. Во момент на опасност
едноставно отпуштете ја безбедносната
рачка / безбедносната прачка. Моторот и
алатката за косење се запираат.
Копче за старт
За да може моторот да се вклучи со помош на
безбедносната рачка / безбедносната прачка,
претходно мора да се притисне копчето за
старт.
Капак
Капакот штити на пр. од честички од откос и
камења коишто може да се исфрлат надвор.
3.5
Симболи на уредот
3.5.1
Безбедносни ознаки
Симбол Значење
Треба да бидете особено
внимателни при ракувањето!
MK
469