Складирање; Складирање На Косачката За Трева Со Акумулаторска Батерија; Складирање На Акумулаторската Батерија И Уредот За Полнење - AL-KO solo 127597 Manual Del Usuario

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 80
Складирање
сепак може да се транспортира под упростени
услови:
Акумулаторската батерија може да ја
транспортира приватниот сопственик на
улица без други додатоци доколку истата
е спакувана малопродажно и транспортот
служи за приватни цели.
Комерцијалните корисници кои го
извршуваат транспортот во врска со
нивната главна дејност (на пр. испораки
од и кон градилишта или презентации)
може да го земат исто така во предвид ова
упростување.
Во двата горе наведени случаи мора
задолжително да се преземат мерки за да се
спречи ослободување на содржината. Во
други случаи задолжително треба да се
запазат прописите за опасни материи! При
непочитување, на испраќачот и во даден
случај на транспортерот, им се закануваат
строги казни.
Други напомени за транспорт и испорака
Литиум-јонските акумулаторски батерии се
транспортираат односно испраќаат само
во неоштетена состојба!
За транспорт на акумулаторската батерија
користете ја исклучиво оригиналната
картонска кутија или соодветна кутија за
опасни материјали (не е потребно кај
акумулаторски батерии со помалку од 100
Wh номинална енергија).
Залепете ги отворените контакти на
акумулаторската батерија за да спречите
краток спој.
Обезбедете ја акумулаторската батерија
во пакувањето против лизгање за да
спречите оштетувања на батеријата.
Обезбедете ја точната ознака и
документација на пратката при транспорт
односно испорака (на пр. пакетна служба
или шпедиција).
Информирајте се претходно дали е можен
транспорт со избраниот давател на услуги
и пријавете ја пратката.
Ви препорачуваме повикување на стручно
лице за опасни материи за подготовката на
пратката. Исто така запазете ги евентуалните
дополнителни национални прописи.
12 СКЛАДИРАЊЕ
По секоја употреба темелно исчистете го
уредот и – ако има – поставете ги сите
495504_a
заштитни капаци. Чувајте го уредот на суво
место што може да се заклучува и надвор од
дофат на деца.
12.1 Складирање на косачката за трева со
акумулаторска батерија
ВНИМАНИЕ! Опасност од повреда. Ако
за време на складирањето уредот биде
достапен на деца или неовластени лица,
може да дојде до повреди.
Чувајте го уредот недостапен за деца и
неовластени лица.
Складирајте го уредот само ако се
извадени акумулаторските батерии.
ВНИМАНИЕ! Опасност од пробивање и
губење на лични податоци. Косачката за
трева пристапува на интернет и може да
управува уреди во „Smart Home" и „Smart
Garden".
Складирајте го уредот само без
акумулаторски батерии и добро
обезбедено од пристап на неовластени
лица.
1. Исклучување на уредот: Извлечете го
сигурносниот-насаден клуч.
2. Ставете ја висината на косење на
највисокиот степен.
3. Извадете ги акумулаторските батерии.
4. Оставете го моторот да се излади.
5. Темелно исчистете го уредот.
6. Сите метални делови намачкајте ги тенко
со масло или силикон за заштита од
корозија.
7. Склопете ја водечката осовина.
8. Чувајте го уредот на суво, чисто место кое
е заштитено од мраз. Покријте го со
церада што пропушта воздух за заштита
од прав. Не користете пластична фолија
за да избегнете акумулација на влага.
12.2 Складирање на акумулаторската
батерија и уредот за полнење
НАПОМЕНА За детални информации
почитувајте ги посебните упатства за
употреба за акумулаторската батерија и за
полначот.
MK
485
Tabla de contenido
loading

Tabla de contenido