За Ова Упатство За Употреба; Симболи На Насловната Страна; Објаснување На Знаците И; Опис На Производот - AL-KO solo Comfort 220 l Traducción Del Manual Original De Instrucciones

Ocultar thumbs Ver también para solo Comfort 220 l:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 92
За ова упатство за употреба
1 ЗА ОВА УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Германската верзија е оригиналното
упатство за употреба. Сите други јазични
верзии се преводи на оригиналното
упатство за употреба.
Пред пуштањето во работа, задолжително
внимателно прочитајте го упатството за
употреба. Ова е предусловот за успешна
работа и непречено ракување.
Чувајте го работното упатство да ви биде
лесно на дофат за читање ако ви е
потребна некоја информација за уредот.
Предадете го уредот на други лица само
со упатството за употреба.
Прочитајте ги и обрнете внимание на
напомените за безбедност и
предупредување во упатството за
употреба.
Тракторските косилки се испорачуваат во
различни варијанти на опрема. Имајте во
предвид дека сликите може да се
разликуваат малку од оригиналот. Доколку
имате потешкотии во следењето на
описите обратете се на специјализирана
работилница или на производителот.
Почитувајте ги приложените упатства за
монтажа и работните упатства за
бензинскиот мотор.
1.1
Симболи на насловната страна
Симбол Значење
Пред пуштањето во работа,
задолжително внимателно
прочитајте го упатството за
употреба. Ова е предусловот за
успешна работа и непречено
ракување.
Упатство за работа
Немојте да го употребувате
бензинскиот уред во близина на
отворени пламени или извори на
топлина.
1.2
Објаснување на знаците и сигналните
зборови
ОПАСНОСТ!
Покажува непосредно опасна
ситуација, која – ако не се избегне –
може да предизвика смрт или тешка
телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Покажува потенцијално опасна
ситуација, која – ако не се избегне –
може да предизвика смрт или тешка
телесна повреда.
ВНИМАНИЕ!
Покажува потенцијално опасна
ситуација, која – ако не се избегне –
може да предизвика мала или
умерена телесна повреда.
ВНИМАНИЕ!
Покажува ситуација, која – ако не се
избегне – може да предизвика штети
по имотот.
НАПОМЕНА
Специјални напомени за подобро
разбирање и ракување.
2 ОПИС НА ПРОИЗВОДОТ
Тракторските косилки со задно исфрлање се
произведуваат во различни варијанти. Кај
следните описи во ова упатство за работа
погрижете се да го прочитате соодветниот
опис за вашата тракторска косилка.
Обележја на вашата тракторска косилка:
Менувач: ножен хидростатичен
Куплунг за ножеви: електромагнетен
Задно исфрлање
Празнење на корпа: Телескопска рачка
Освен тоа има разлики во системите за
мулчење, типот на мотор, моќноста на
моторот и ширината на косење.
Разлики на тип:
Ширина на косење
Вид на менувач (T3 и T2)
Волумен на корпа 220 л или 300 л
505
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Solo comfort 300 l

Tabla de contenido