Работа
6. Подготвената мешавина од бензин/масло
од шишето за мешање на гориво (08/5)
наполнете ја до долниот раб на
приклучокот за полнење во резервоарот
за гориво но сепак не над тоа.
7. Извадете ја инката и рачно завртете го
капакот.
8. Избришете ја истурената мешавина од
бензин/масло од уредот и од
платформата.
6 РАБОТА
6.1
Вртење на „велосипедската" рачка
(09)
„Велосипедската" рачка (09/1) може да се
заврти на дршката (09/2) за зголемување на
удобноста на ракување:
■
Нормална позиција: „Велосипедската"
рачка се наоѓа во десниот агол, т. ест 90°
спрема дршката (09/A).
■
Завртена позиција: „Велосипедската"
рачка смее да се заврти помеѓу 90° и 29°
(09/B). Максималното вртење е достигнато
кога ќе се поклопат двете ознаки (09/3).
Напомена: Никогаш да не ја вртите
„велосипедската" рачка под 29° за
потстрижување односно косење!
■
Позиција за транспорт: „Велосипедската"
рачка може да се заврти сè додека не
лежи на дршката (09/C).
6.2
Ставање на ремен за носење (10)
За ставање на ременот постапете според
сликата (10).
■
При работа користете го секогаш ременот
за носење.
■
Закачете го уредот дури тогаш откако ќе
се стартува моторот и врти во празен од.
2500126_a
6.3
Работа на моторот (11)
ОПАСНОСТ!
Опасност по животот
од труење
Издувните гасови на
моторот содржат
јаглерод моноксид кој
може да убие човек за
неколку минути.
■
Никогаш да не го
користите моторот во
затворени простории
туку само на отворено.
■
Не ги вдишувајте
издувните гасови од
моторот.
■
Исклучете го моторот
ако се чувствувате
лошо, зашеметено или
слабо при
користењето на
уредот. Веднаш
побарајте лекар.
6.3.1
Стартување на моторот
Пред стартувањето
■
Положете ја моторната коса рамно и без
пречки на подот. Алатката за сечење не
смее да допира никакви предмети а не
смее да го допира ниту подот.
За време на стартувањето
■
Да не стоите на дршката за да се избегне
оштетување на дршката или на погонското
вратило коешто се наоѓа во дршката.
■
Заземете сигурна и стабилна положба и
цврсто фатете ја моторната коса на
куќиштето од фланшата.
711