MK
7.2
Косење
■
Движете ја главата за сечење во
хоризонтално, лаковито движење
рамномерно од едната страна на другата.
■
Постојано држете ја главата за сечење
паралелно со подот.
■
Повисоката трева би требало да се коси
слој по слој. Секогаш одете од горе
надолу.
■
Уредот сече најдобро при многу висока
брзина. Поради тоа не го
преоптоварувајте уредот со сечење на
висока трева.
Косење со бобина
■
Главата за сечење закосете ја во агол од
30° на десно за да косите со врвот на
конецот за сечење. Дејствувајте полека.
■
Не косете директно кон тврди пречки (на
пр. ѕидови), туку косете странично. Со тоа
се заштитува конецот за сечење.
Косење со нож
■
Задолжително користете ремен за
носење.
■
Проверете дали е правилно монтиран
ножот пред косењето.
■
Не користете ножеви за плевел за сечење
троскот или млади дрвца.
ВНИМАНИЕ!
Опасност од повреда
од повратен удар!
Ако ножот допре тврди
пречки може да дојде до
повратен удар.
■
Не косете со ножот во
близина на тврди
пречки.
714
8 ТРАНСПОРТ
Транспортирајте го уредот помеѓу две
работни подрачја
1. Моторот се исклучува.
2. Добро фатете ја моторната коса за
ременот за носење и за „велосипедската"
рачка.
3. Внимателно отидете на следното работно
подрачје. Не ги загрозувајте лицата и
животните.
Транспортирајте го уредот во возило
1. Ако е можно: Испразнете го резероарот со
оставање на моторот да работи.
2. Моторот се исклучува.
3. Ставете заштита при транспорт на ножот.
4. Избегнувајте да се преврти уредот за
време на возењето и да истече
мешавината од бензин/масло:
■
Положете го уредот на подот така што
капакот на резервоарот за гориво да
покажува нагоре. Резервоарот за
гориво мора да биде затворен.
■
Фиксирајте го уредот на подот.
9 СКЛАДИРАЊЕ
Ако не сакате да го користите уредот подолго
од 2 – 3 месеци, потребни се следниве работи
за да избегнете оштетувања:
1. Испразнете го резервоарот за гориво:
■
Оставете го моторот да работи додека
не престане самиот. Тогаш во
резервоарот за гориво и во
карбураторот нема повеќе мешавина
од бензин/масло и не може да се
создаваат наслаги.
2. Чистење на уредот:
■
Избришете го целиот уред и деловите
од опремата со крпа за бришење. Не
користете бензин или други
растворувачи.
■
Отстранете ја нечистотијата од сите
отвори на уредот (меѓу другото
отворите за ладење на моторот).
3. Подмачкување на цилиндарот:
■
Целосно оставете да се излади
уредот.
■
Повлечете го утикачот за свеќичката и
отштрафете ја свеќичката (види
Поглавје 10.5 "Одржување на
свеќичката (16)", страна 718).
Транспорт
132, 141