Бидете внимателни кога го отстранувате уредот од
себе
• Ако го прицврстите уредот премногу силно, може да
дојде до воспаление на кожата, а ако го прицврстите
премногу лабаво, може да се јави триење.
• Чувајте го уредот сув и чист за да избегнете воспаление
на кожата.
• Уредот се придржува до меѓународните безбедносни
стандарди, но преземете ги сите неопходните мерки
на претпазливост ако Вашата кожа е преосетлива или
имате алергија на било какви материјали.
Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него
• Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните
делови и да го спречат правилното работење.
• Ако сте алергични на боја или метални делови од
уредот, може да почувствувате чешање, егзема или
натекување на кожата. Ако дојде до тоа, престанете со
употреба на уредот и консултирајте се со Вашиот лекар.
Инсталирајте го мобилниот уред и опремата со
внимание
• Проверете дали сите мобилни уреди или соодветната
опрема инсталирана во Вашето возило се безбедно
вградени.
• Избегнувајте да го поставувате уредот и
дополнителната опрема во близина на или во делот
за воздушното перниче. Неправилно инсталираната
безжична опрема може да предизвика сериозни
повреди кога воздушните перничиња ќе се напумпаат
нагло.
Македонски
590