Не чувајте го Вашиот уред заедно со метални
предмети, како монети, клучеви и накит
• Вашиот уред може да се изгребе или да не
функционира правилно.
• Доколку контактите на батеријата дојдат во допир со
метални предмети, може да настане пожар.
Не чувајте го Вашиот уред во близина на магнетни
полиња
• Вашиот уред може да се оштети или батеријата може
да се испразни од изложувањето на магнетни полиња.
• Магнетните картички, вклучувајќи ги кредитните
картички, телефонските картички, штедните книшки и
картичките за интернат можат да бидат оштетени од
магнетните полиња.
Избегнувајте контакт со уредот кога се презагреал.
Во спротивно, тоа може да предизивка изгореници
од ниска температура, црвенило и пигментација на
кожата
• Внимавајте на презагревање на уредот кога го
користите подолго време и избегнувајте долготраен
контакт со кожата.
• Не седете на уредот и не ставајте го во директен
контакт со кожата подолго време кога се полни или
кога е поврзан со извор на напојување.
• Толеранцијата на високи температури е различна кај
секого. Ве молиме, бидете особено внимателни кога
го користат деца, постари лица или лица со посебни
потреби.
Македонски
587