Bosch Professional GTS 10 J Manual Original página 351

Ocultar thumbs Ver también para Professional GTS 10 J:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 60
Транспортна и работна позиција на сечилото
за пила
Транспортна позиција
– Отстранете го заштитниот поклопец (6) и додатокот за
маса (25) и позиционирајте го клинот за разделување
(7) во најдолната позиција. Повторно ставете го
додатокот за маса (25).
– Свртете ја курблата (18) во правец спротивен на
стрелките на часовникот, додека запците на сечилото
за пила (26) не се најдат под масата за сечење (8).
– Вметнете го проширувањето за маса за сечење (13)
целосно навнатре.
Притиснете ја затезната дршка (15) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Работна позиција
– Позиционирајте го клинот за разделување (7) во
најгорната позиција точно над средината на сечилото
за пила, вметнете го додатокот за маса (25) и
монтирајте го заштитниот поклопец (6).
– Свртете ја курблата (18) во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на сечилото за пила (26)
не се најдат над делот за обработување околу
3 − 6 mm.
Подесување на вертикалниот и
хоризонталниот агол на закосување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
Поставување на вертикален агол на закосување
(сечило за пила) (види слика A)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од -2° до 47°.
– Олабавете го лостот за блокада (16) во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
Напомена: Доколку целосно го олабавите лостот за
блокада, сечилото за пила ќе се навали во положба од
околу 30° под влијание на гравитацијата.
– Повлечете го или притиснете го рачното тркало (17)
по должина на кулисата, додека агломерот (51) не го
покаже саканиот агол на закосување.
– Држете го рачното тркало во оваа позиција и повторно
затегнете го лостот за блокада (16).
За брзо и прецизно подесување на вертикален
стандарден агол 0° и 45° предвидени се фабрички
поставените граничници ((59), (62)).
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(аголен граничник) (види слика B)
Хоризонталниот агол на закосување може да се
поставува во еден опсег од 60° (на левата страна) до 60°
(на десната страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање (53), доколку е
затегнато.
Bosch Power Tools
– Свртете го аголниот граничник додека агломерот (54)
не го покаже саканиот агол на закосување.
– Повторно затегнете го копчето за фиксирање (53).
Зголемување на масата за сечење
Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се
потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.
Проширување за маса за сечење (види слика C)
Проширување за маса за сечење (13) ја проширува
масата за сечење (8) кон десно за максимум 625 mm.
– Повлечете ја затезната дршка (15) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го нанадвор проширувањето на масата за
сечење (13) до саканата должина.
– Притиснете ја затезната дршка (15) надолу. На тој
начин ќе се фиксира проширувањето на масата за
сечење.
Поставување на паралелниот граничник
Паралелниот граничник (9) може да се позиционира на
левата страна (црна скала) или на десната страна
(сребрена скала) од сечилото на пила. Ознаката на
лупата (27) го покажува поставеното растојание на
паралелниот граничник со сечилото за пила на скалата
(2).
Позиционирајте го паралелниот граничник на саканата
страна на сечилото за пила (види „Монтирање на
паралелниот граничник (види слика d)", Страница 349).
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење
– Олабавете ја затезната дршка (39) на паралелниот
граничник (9). Поместувајте го паралелниот
граничник сè додека ознаката во лупата (27) не го
покаже саканото растојание до сечилото на пила.
При неизвлечена маса за сечење важи долниот натпис
на сребрената скала (2).
– За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (39) надолу.
Подесување на паралелниот граничник
при неизвлечена маса за сечење (види слика D)
– Позиционирајте го паралелниот граничник десно од
сечилото за пила.
Поместувајте го паралелниот граничник додека
ознаката на лупата (27) не покаже на долната скала 26
cm.
За фиксирање, повторно притиснете ја затезната
дршка (39) надолу.
– Повлечете ја затезната дршка (15) за проширувањето
на масата за сечење целосно нагоре.
– Извлечете го проширувањето на масата за сечење
(13) кон надвор, додека показателот на растојание
(55) не го покаже саканото растојание кон сечилото за
пила на горната скала.
Македонски | 351
1 609 92A 5C2 | (26.07.2019)
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m30 5023 601 m30 5723 601 m30 5323 601 m30 562Gts 10 j professionalGts 10 professional