344 | Македонски
Столната пила поставете ја на добро осветлено
u
место и нивелирана површина, каде може добро и
рамномерно да се постави. Треба да се инсталира
на место, со доволно простор за лесна обработка на
делот што се обработува. Ограничен темен простор и
ненивелирани лизгави подови предизвикуваат
несреќи.
Често чистете и отстранувајте ги струготините под
u
работната површина, и/или од садот за собирање
прав. Насобраните струготини се запаливи и може да
се запалат самите.
Столната пила мора да биде обезбедена. Недоволно
u
обезбедена столна пила може да се придвижи и
преврти.
Отстранете ги алатите, дрвените отпадоци и др. од
u
работната површина пред вклучување на столната
пила. Одвлекување на вниманието или потенцијална
гужва може да бидат опасни.
Секогаш користете сечила со точна големина и
u
форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор
дупки. Сечила кои не одговараат на металниот дел за
монтирање на сечилото ќе излезат од средиштето, што
ќе предизвика губење на контрола.
Никогаш не користете оштетени или неправилни
u
средства за монтирање на сечилото, како на пр.
прирабници, дихтунзи, гвинтови или завртки. Овие
средства за монтирање се специјално дизајнирани за
вашата пила, за безбедно и оптимално работење.
Никогаш не застанувајте на столната пила, не ја
u
користете за качување. Може да настане сериозна
повреда доколку го допрете или случајно стапите во
контакт со алатот за сечење.
Проверете дали сечилото е инсталирано за да
u
ротира во правилна насока. Не користете брусни
дискови, жичени четки или абразивни дискови на
столната пила. Неправилно инсталирање на сечилото
или користење на дополнителна опрема што не се
препорачува може да предизвика сериозна повреда.
Дополнителни безбедносни напомени
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Никогаш не го користете електричниот алат без дел
u
за вметнување. Променете го дефектниот дел за
вметнување. Без соодветен дел за вметнување може
да се повредите на сечилото за пила.
Одржувајте ја чистотата на работното место.
u
Мешавините на материјали се особено опасни. Правта
од лесен метал може да се запали или експлодира.
За материјалот, кој што сакате да го обработите,
u
изберете го соодветниот лист на пилата.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
1 609 92A 5C2 | (26.07.2019)
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови на пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
сакате да го обработувате.
Вметнете го делот што се обработува само кога се
u
врти листот на пилата. Инаку постои опасност од
повратен удар, доколку листот на пилата се заглави во
делот што се обработува.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето
на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската
интерпретација на ознаките Ви помага подобро и
побезбедно да го користите електричниот алат.
Ознаки и нивно значење
Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот алат. Доколку дојдете
во контакт со сечилото за пила постои
опасност од повреда.
Носете маска за заштита од прав.
Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
предизвика губење на слухот.
Носете заштитни очила.
3 601 M30 502
3 601 M30 532
3 601 M30 562
3 601 M30 572
ø 30 mm
ø 254
mm
3 601 M30 542
3 601 M30 5B2
ø 25.4 mm
ø 254
mm
Внимавајте на димензиите на сечилото за пила.
Дијаметарот на отворот мора точно да биде наместен на
Bosch Power Tools