Bosch Professional GTS 10 J Manual Original página 348

Ocultar thumbs Ver también para Professional GTS 10 J:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 60
348 | Македонски
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
u
електричниот алат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот алат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Столна тркалезна пила со монтирано сечило за пила
(26) и клин за расцепување (7)
– Аголен граничник (3)
– Профилна шина (28)
– Сет за прицврстување „Профилна шина" (44)
(водечки лим, назабена навртка, завртка, подлошка)
– Паралелен граничник (9)
– Дополнителен паралелен граничник (41)
– Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен
граничник" (42) (3 завртки за прицврстување, 3
подлошки, 3 пеперутка-навртки)
– Заштитен поклопец (6)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (21)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (20)
– Прстенест клуч (22)
– Подвижна водечка летва (23)
– Додаток за маса (25)
– Адаптер за всисување (32)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Внимавајте на тоа да ја отстраните амбалажата под
блокот на моторот.
1 609 92A 5C2 | (26.07.2019)
Следните елементи на уредот се прицврстени директно
на куќиштето: подвижна водечка летва (23), прстенест
клуч (22), клуч со внатрешна шестаголна глава (21) и
(20), паралелен граничник (9), аголен граничник (3),
адаптер за всисување (32), дополнителен паралелен
граничник (41) со сет за прицврстување (42), заштитен
поклопец (6).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Позиционирање на клинот за расцепување (види
слики a1–a2)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
– Свртете ја курблата (18) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за пила
(26) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (34).
– Вметнете го клинот за разделување (7) во правец на
затезниот лост (34), додека не се извлекува нагоре.
– Целосно повлечете го клинот за разделување нагоре,
така што тој ќе се позиционира точно над средината на
сечилото за пила.
– Двата клина (35) нека се вклопат во долните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (34).
Монтирање на додатокот за маса (види слика b)
– Закачете го додатокот за маса (25) во задните отвори
(36) на отворот за алатот.
– Притиснете го додатокот за маса надолу.
– Притиснете го додатокот за маса, додека не се вклопи
напред во отворот за алатот.
Предната страна на додатокот за маса (25) мора да биде
рамна или малку под масата за сечење, а задната страна
мора да биде рамна или малку над масата за сечење
(види „Подесување на нивото на додатокот за маса (види
слика N)", Страница 354).
Монтирање на заштитниот капак (види слика c1–c2)
Напомена: Монтирајте го заштитниот капак само ако
клинот за разделување во горната позиција е
позициониран точно над средината на сечилото за пила
(види слика a2). Не го монтирајте го заштитниот капак,
ако клинот за разделување се наоѓа во најдолната
позиција (состојба на испорака или позиција за сечење
на жлебови) (види слика a1).
– Олабавете го затезниот лост (37) и извадете го
заштитниот поклопец (6) од држачот (33).
– Со едната рака цврсто држете ја заштитата на сечилото
за пила (горна метална шина) на заштитниот поклопец
(6) и со другата рака повлечете го нагоре затезниот
лост (37).
– Вметнете ја болцната-водилка (38) наназад во жлебот
на клинот за разделување (7).
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m30 5023 601 m30 5723 601 m30 5323 601 m30 562Gts 10 j professionalGts 10 professional