366 | Македонски
Столна тркалезна пила
Мин. отклон на запците на пилата
Дијаметар на отворот
A) Мерено при 20−25 °C со батерија ProCORE18V 12.0Ah.
B) во зависност од употребената батерија
C) ограничена јачина при температури <0 °C
Максимални димензии на делот што се обработува: (види „Максимални димензии на делот што се обработува", Страница 372)
Информација за бучава
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат
согласно EN 62841-3-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А
типично изнесува: ниво на звучен притисок 81 dB(A);
ниво на звучна јачина 94 dB(A). Несигурност K = 3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вредноста на емисија на бучава наведена во овие
упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на емисијата на бучава.
Наведената вредност на емисија на бучава се однесува
на основната примена на електричниот алат. Доколку
електричниот алат се користи за други примени, алатот
што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се
одржува, вредноста на емисијата на бучава може да
отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата
на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба
да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.
Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот алат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Столна тркалезна пила со монтирано сечило за
пила (26) и клин за расцепување (4)
– Аголен граничник (2)
– Паралелен граничник (5)
– Дополнителен паралелен граничник (43)
– Сет за прицврстување „Дополнителен паралелен
граничник" (44) (2 завртки за прицврстување,
2 подлошки, 2 пеперутка-навртки)
– Заштитен поклопец (3)
– Клуч со внатрешна шестаголна глава (10)
1 609 92A 7NP | (27.04.2022)
GTS 18V-216
mm
> 1,7
mm
30
– Прстенест клуч (9) со шилест плоснат одвртувач
– Подвижна водечка летва (12)
– Додаток за маса (25)
Напомена: Проверете дали на електричниот алат има
евентуални оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот алат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена
сервисна работилница.
Дополнително потребни алати кон
испорачаните материјали:
– Крстест одвртувач
– Аголник
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
– Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и
од испорачаната опрема.
– Свретете ги завртките за блокирање (34) со шилецот
на прстенест клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и отворете ја подната решетка
(33) (погледни слика a).
Извадете го материјалот за пакување под блокот на
моторот.
Следните елементи на уредот се прицврстени директно
на куќиштето: подвижна водечка летва (12), прстенест
клуч (9), клуч со внатрешна шестаголна глава (10),
паралелен граничник (5), аголен граничник (2), адаптер
за всисување (31), дополнителен паралелен граничник
(43) со сет за прицврстување (44), заштитен поклопец
(3).
– Штом Ви е потребен еден од овие елементи на уредот,
внимателно извадете го од депото за складирање.
Позиционирање на клинот за расцепување (види
слики b1–b2)
Напомена: Доколку е потребно, пред позиционирањето
исчистете ги сите делови што треба да се монтираат.
GTS 18V-216
> 2,3
25,4
Bosch Power Tools