Bosch GTS 18V-216 Professional Manual Original página 369

Ocultar thumbs Ver también para GTS 18V-216 Professional:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 61
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
За да ја избегнете опасноста од пожар при сечење
u
на алуминиум, испразнете го долниот поклопец за
сечилото за пила и не користете всисувач на
струготини.
Чистење на долниот поклопец на сечилото за пилата
(види слика j)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го отворите
долниот поклопец на сечилото за пила (46).
– Исклучете го електричниот алат и извадете ја
батеријата од електричниот алат.
– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде
во состојба на мирување.
– Електричниот алат навалете го на страна.
– Отворете ја подната решетка (33) (види слика a).
– Полека извлечете ги јазичињата (47) на поклопецот на
сечилото за пила и отворете го долниот поклопец на
сечилото за пилата (46).
– Отстранете ги искршените делови од работниот дел и
струготините.
– Затворете го повтроно долниот поклопец на сечило за
пила (46), сѐ додека јазичињата (47) не се вклопат.
– Затворете ја подната решетка (33).
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
Надворешно всисување (види слика k)
– Цревото за всисување прикачете го цврсто во
соодветниот адаптер за всисување (31).
Всисувачот за прашина мора да е соодветен на
материјалот на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Замена на сечилото за пила (види слики l1−l4)
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
u
ракавици. Постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија
u
максимално дозволена брзина е повисока од
бројот на празни вртежи на вашиот електричен
алат.
Користете само листови на пила, кои одговараат на
u
наведените податоци во ова упатство за користење
и на електричниот алат или се проверени според
EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само сечила за пила, што се
u
препорачани од производителот на овој
електричен алат и се погодни за материјалот што
Bosch Power Tools
сакате да го обработувате. Со тоа ќе избегнете
прегревање на запците на сечилото и топење на
материјалот што се обработува.
Не користете листови за пила од HSS-челик. Таквите
u
листови на пила може лесно да се скршат.
Вадење на сечилото за пила
– Отворете го затезниот лост (39) и извадете го
заштитниот поклопец (3) од жлебот на клинот за
разделување (4).
– Свртете ја завртката за блокирање (38) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено" и подигнете го додатокот на
масата (25) од отворот за алатот. За полесно да го
подигнете служи дупката од решетката (48).
– Свртете ја курблата (15) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото на пила
(26) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Завртете ја затезната навртка (49) со прстенестиот
клуч (9) и истовремено затегнете го лостот за блокада
на вретеното (50) додека не се вклопи.
– Држете го стегнат лостот за блокада на вретеното и
завртете ја затегнувачката навртка во правец
спротивен на стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница (51).
– Извадете го сечилото за пила (26).
Монтирање на сечилото за пила
– Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете ново сечило за пила на приклучната
прирабница (52) на вретеното на алатот (53).
Напомена: Не користете премали сечила за пила.
Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот за
расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
u
запците (правецот на стрелката на сечилото на
пилата) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
клинот за разделување!
– Поставете ги стезната прирабница (51) и затезната
навртка (49).
– Завртете ја затезната навртка (49) со прстенестиот
клуч (9) и истовремено затегнете го лостот за блокада
на вретеното (50) додека не се вклопи.
– Затегнете ја затегнувачката навртка во правец на
стрелките на часовникот.
– Поставете го додатокот за маса (25) над клинот за
расцепување (4) во отворот за алатот. Свртете ги
завртките за блокирање (38) со шилецот на
прстенестиот клуч (9) сѐ до граничникот во правецот
на вртење „Заклучено".
– Повторно монтирајте го заштитниот поклопец (3).
Македонски | 369
1 609 92A 7NP | (27.04.2022)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m44 0003 601 m44 0403 601 m44 0k03 601 m44 0b0Professional gts 18v-216

Tabla de contenido