OBJ_BUCH-1302-002.book Page 110 Wednesday, October 22, 2014 10:24 AM
110 | Македонски
Контролирајте ги приклучоците и каблите за
напојување. Сите сервисни компоненти, спојки и
црева мора да се постават по однос на притисокот и
количината на воздух во согласност со техничките
податоци. Пренискиот притисок ги нарушува
функциите на пневматскиот алат, а превисокиот
притисок може да доведе до материјални штети и
повреди.
Заштитете ги цревата од превиткување,
стеснување, средства за растворање и остри
рабови. Цревата држете ги далеку од топлина,
масло и ротирачки делови. Веднаш заменете го
оштетеното црево. Оштетениот кабел за
напојување може да доведе до замотување на
пневматското црево и да предизвика повреди.
Прашината или струготините што летаат може да
предизвикаат тешки повреди на очите.
Внимавајте, држачите за црева секогаш да бидат
добро затегнати. Незацврстените или оштетени
држачи за црево може да предизвикаат
неконтролирано испуштање на воздухот.
Безбедност на лица
Бидете внимателни како работите и разумно
користете го пневматскиот алат. Не ги користете
пневматските алати, доколку сте уморни или под
влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден
момент на невнимание при употребата на
пневматскиот алат може да доведе до сериозни
повреди.
Носете заштитна опрема и секогаш носете
заштитни очила. Носењето на лична заштитна
опрема, како заштита при дишење, безбедносни
чевли за заштита од лизгање, заштитен шлем или
заштита за слухот, според упатствата на вашиот
работодавец или во согласност со работните или
прописите за заштита на здравјето го намалува
ризикот од повреди.
Избегнувајте неконтролирано користење на
алатите. Осигурете се дека пневматскиот алат е
исклучен пред да го приклучите на напојување со
воздух, пред да го земете или носите. Доколку при
носењето на пневматскиот алат, сте го ставиле
прстот на прекинувачот за вклучување/исклучување
или сте го приклучиле пневматскиот алат додека е
вклучен на напојување со струја, ова може да
предизвика несреќа.
Извадете ги алатите за подесување, пред да го
вклучите пневматскиот алат. Алатот за подесување
што се наоѓа на ротирачки дел на пневматскиот алат,
може да доведе до повреди.
Не ги преценувајте своите способности.
Застанете во стабилна положба и постојано
држете рамнотежа. Стабилната положба при
стоење и држење на телото овозможуваа подобро да
го контролирате пневматскиот алат при појава на
неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широка
облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и
ракавиците подалеку од подвижните делови.
Лесната облека, накитот или долгата коса може да се
зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за
вшмукување прав, осигурете се дека тие
правилно се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на овие уреди ја намалува опасноста
предизвикана од правта.
Излезниот воздух не го вдишувајте директно.
Внимавајте да не ви влезе излезниот воздух во
очите. Излезниот воздух од пневматскиот алат може
да содржи вода, масло, честички метал и нечистотија
од компресорот. Ова може да предизвика
здравствени тегоби.
Грижливо користење и постапување со
пневматските алати
Користете уреди за затегнување или менгеме за
да го зацврстите или потпрете делот што се
обработува. Доколку делот што се обработува го
држите цврсто со раката или го притискате на телото,
нема да можете сами да го контролирате уредот.
1 609 92A 10Y | (22.10.14)
Не го преоптоварувајте пневматскиот алат.
Користете го соодветниот пневматски алат за
Вашата работа. Со соодветниот пневматски алат ќе
работите подобро и посигурно во зададениот домен
на работа.
Не го користете пневматскиот алат, доколку има
дефектен прекинувач за
вклучување/исклучување. Пневматскиот алат кој
повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја
загрозува безбедноста и мора да се поправи.
Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не
сте го користеле алатот. Овие превентивни мерки
го спречуваат невнимателниот старт на
пневматскиот уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
пневматските алати кои не ги користите. Овој
пневматски алат не смее да го користат лица кои
не се запознаени со него или не ги имаат
прочитано овие упатства. Пневматските алати се
опасни, доколку ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо пневматските алати.
Проверете дали подвижните делови
функционираат беспрекорно и не се заглавени,
дали се скршени или оштетени, што може да ја
попречи функцијата на електричниот алат.
Поправете ги оштетените делови пред
користењето на пневматскиот алат. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
пневматски алати.
Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
Користете ги пневматските алати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши. На тој
начин создавањето прав, вибрациите и создавањето
бучава ќе се намалат што е можно повеќе.
Пневматскиот алат треба да се употребува и
подесува исклучиво од страна на квалификувани
и школувани корисници.
Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот
алат.
Безбедносни напомени за пневматски уреди
со муниција
Носете заштитни очила.
Појдете секогаш од тоа, дека пневматскиот алат
секогаш мора да има муниција. Невнимателното
ракување со пневматскиот алат може да доведе до
неочекувано исфрлување на муницијата и да Ве
повреди.
За време на работата држете го пневматскиот
алат така што ќе ги заштитите главата и телото од
можен повратен удар поради некоја пречка во
напојувањето со енергија или од тврдите места на
делот што се обработува.
Не го насочувајте пневматскиот алат кон себе или
кон други лица во близина. При неочекувано
активирање на апаратот ќе се исфрли муниција, што
може да доведе до повреди.
Не го користете пневматскиот алат, пред добро да
го зацврстите на делот што се обработува.
Доколку пневматскиот алат нема контакт со делот
што се обработува, муницијата може да се одбие од
местото на прицврстување и пневматскиот алат
може да се преоптовари.
Не работете на скали или скелиња,
доколку е поставен системот на
активирање „Активирање на контакт".
Не смеете да менувате од едно место
на набивање на друго, особено не
преку скелиња, скали или скалести конструкции, да
затворате сандаци или прегради или да поставувате
транспортни осигурувачи на пр. на возила и вагони.
Кај овој систем за активирање, секој пат кога ќе го
поставите пневматскиот алат невнимателно и ќе го
притиснете осигурувачот за активирање, може да се
исфрли муниција. Ова може да доведе до повреди.
Внимавајте на условите на работното место.
Муницијата може да ги пробие тенките предмети или
при работење во ќошеви и на рабови може да слизне
од делот што се обработува и притоа да ги доведе
луѓето во опасност.
Прекинете го напојувањето со воздух,
доколку муницијата се заглави во
пневматскиот алат. Доколку
пневматскиот алат е приклучен, при
вадењето на заглавената муниција би
можел случајно да се вклучи.
Бидете внимателни при вадењето на заглавената
муниција. Системот може да се преоптовари и
муницијата да се исфрли со голема јачина, додека се
обидувате да ја одглавите.
Не го користете пневматскиот алат за
прицврстување на електрични кабли. Тој не е
наменет за инсталација на електрични кабли, може
да ја оштети изолацијата на електричниот кабел и на
тој начин да предизвика електричен удар и опасност
од пожар.
Како извор на енергија за пневматскиот алат
никогаш не користете кислород или запаливи
гасови. Запаливите гасови се опасни и може да го
доведат пневматскиот алат до експлозија.
Користете соодветни уреди за пребарување, за
да ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може
да доведе до експлозија. Навлегувањето во
водоводни цевки предизвикува оштетување.
Пневматскиот алат може да се приклучува само
на кабли, каде максималниот дозволен притисок
на пневматскиот алат не треба да се пречекори за
повеќе од 10 %; при повисок притисок мора да се
вгради вентил за регулирање на притисокот
(редуктор на притисокот) со дополнителен
вентил за ограничување на притисокот во водот
со компресиран притисок. Превисокиот притисок
може да предизвика абнормално работење или
кршење на пневматскиот алат, што може да доведе
до повреди.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и
упатства за безбедност. Грешките
настанати како резултат од
непридржување до безбедносните
напомени и упатства може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Употреба со соодветна намена
Пневматскиот алат е наменет за поврзување при
кровопокривачки работи, поставување на оплати и
летви, како и при изготвување на ѕидни/плафонски
елементи, дрвени фасади, палети, дрвени огради,
ѕидови за заштита од бучава и сандаци.
Смее да се користи само муниција (шајки, хефт-
иглици.), која се специфицирана во табелата „Технички
податоци".
Bosch Power Tools