Bosch UniversalSpray 18V-300 Manual Original página 235

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (9) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
– Исчистете го садот (2).
– Демонтирајте ја вертикалната цевка (8) со дихтунг за
садот (12) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (8) со
дихтунг за садот (12) на пиштолот за прскање.
– Наполнете го садот (2) со топла вода и повторно
прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
– Прицврстете ја основната единица (15) на пиштолот за
прскање (1).
Мора да слушнете како се вклопуваат копчињата за
отклучување (19).
– Прскајте додека не почне да излегува чиста вода.
Евентуално дополнете го резервоарот повторно со
топла вода.
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица
со влажна крпа, потоа тргнете ја настрана основната
единица (15) од непосредното место на чистење.
– Демонтирајте ја преклопната навртка (4), капачето за
вентилација (3), млазницата за боја (10) и цевката за
всисување (8) со дихтунгот за садот (12).
– Во една кофа со топла вода исчистете ги сите делови
што спроведуваат боја со обична четка за миење.
Исчистете го и каналот за боја (14) на пиштолот за
прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (8) со
дихтунгот на резервоарот (12) нема материјал за
прскање и дали е оштетена.
– Исчистете го отворот за проветрување (13) со
соодветна четка за чистење.
– Исчистете го резервоарот (2) и пиштолот за
прскање (1) однадвор со влажна крпа.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да
се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (12) притиснете го нагоре
во жлебот на цевката за всисување (8).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
всисување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за всисување (8) ставете ја повторно до крај
во каналот за боја (14).
Чистење по употреба на бои базирани на растворувач
(види слика I)
Пиштолите за прскање и садот за материјалот за прскање
секогаш чистете ги со соодветното средство за
разредување за користениот материјал за прскање.
Никогаш не чистете ги млазниците и отворите за воздух
на пиштолот за прскање со остри предмети.
Носете соодветни ракавици при чистење со раствори и
бои на база на раствори.
Bosch Power Tools
– Притиснете ги копчињата за отклучување (19) и
откачете го пиштолот (1) од основната единица (15).
– Доколку е потребно, исчистете ја основната единица
со влажна крпа и средство за разредување, потоа
тргнете ја настрана основната единица (15) од
непосредното место на чистење.
– Олабавете го садот (2) од пиштолот за прскање (1).
Држете го садот (2) под вертикалната цевка (8) и
притиснете го контролниот прекинувач (5) на
пиштолот за прскање, за да може да се врати
материјалот за прскање назад во садот.
– Целосно испразнете го садот (2).
Материјалот за прскање може да се чува за
понатамошна употреба во херметички затворен сад за
бои. За тоа на пр. користете го резервниот сад (9) со
капак или оригиналниот сад за материјал за прскање.
– Исчистете го садот (2).
– Демонтирајте ја вертикалната цевка (8) со дихтунг за
садот (12) и добро исплакнете ја.
Повторно прицврстете ја вертикалната цевка (8) со
дихтунг за садот (12) на пиштолот за прскање.
– Наполнете го садот (2) до половина со растворувач и
повторно прицврстете го на пиштолот за прскање (1).
– Протресете го пиштолот за прскање повеќе пати.
Притоа внимавајте да не испрскате од средството за
разредување. Постои опасност од експлозија.
– Олабавете го садот (2) од пиштолот за прскање (1) и
целосно испразнете го во соодветно канче што се
затвора.
– Демонтирајте ја преклопната навртка (4), капачето за
вентилација (3), млазницата за боја (10) и цевката за
всисување (8) со дихтунгот за садот (12).
– Во една кофа со средство за разредување исчистете
ги сите делови што спроведуваат боја со вообичаена
четка за миење. Исчистете го и каналот за боја (14) на
пиштолот за прскање (1).
– Проверете дали во цевката за всисување (8) со
дихтунгот на резервоарот (12) нема материјал за
прскање и дали е оштетена.
По потреба, исчистете го дихтунгот на
резервоарот (12) уште еднаш со средство за
разредување.
– Исчистете го отворот за проветрување (13) со
соодветна четка за чистење.
– Пред да ги вградите деловите, оставете ги целосно да
се исушат.
– Монтирајте го системот за фино распрскување по
обратен редослед.
Дихтунгот на резервоарот (12) притиснете го нагоре
во жлебот на цевката за всисување (8).
Осигурете се дека дихтунгот на резервоарот е
правилно позициониран во жлебот на цевката за
всисување, за да се заптијат добро пиштолите за
прскање.
Цевката за всисување (8) ставете ја повторно до крај
во каналот за боја (14).
Македонски | 235
1 609 92A 9JV | (26.03.2024)
loading

Este manual también es adecuado para:

0.603.208.100