Bosch UniversalSpray 18V-300 Manual Original página 232

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
232 | Македонски
Мора да слушнете како се вклопуваат копчињата за
отклучување (19).
Работа
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Подготовка за работа
Прскањето на работ на површински води или на
u
соседни површини во близина на подрачје на
вовлекување.
При купување на бои, лакови и средства за прскање
u
внимавајте на нивната подносливост од животната
средина.
Подготвување на површината за прскање
Површината за прскање мора да биде чиста, сува и да не
е замастена.
– Огрубете ги мазните површини и потоа отстранете ја
правта од брусењето.
При употреба сите непокриени површини може да се
извалкаат од маглата од прскање. Затоа темелно
припремете ја околината на површината за прскање:
– Внимателно покријте ги подовите, мебелот, вратите,
прозорците и рамките на вратите и на прозорците итн.
За покривање на подовите се препорачува на пр.
платно.
– Фиксирајте го материјалот за покривање. Доколку
материјалот за покривање не е доволно фиксиран,
може да се помести или оддува од силниот проток на
воздух.
Внимателно поставете ги приклучниците и
u
приклучоците. Непокриените приклучници и
приклучоци може да предизвикаат краток спој и да го
зголемат ризикот од електричен удар.
Подготовка на материјалот за прскање
При разредувањето внимавајте на тоа, материјалот
u
за прскање и средството за разредување да
одговараат еден на друг. При користење на
погрешно средство за разредување може да настанат
грутки, кои ги затнуваат пиштолите за прскање.
При разредувањето на материјалот за прскање
u
внимавајте на тоа, точката на палење на
мешавината по разредувањето мора да биде
повторно над 55 °C. На пр., разредувањето на лакови
што содржат растворачи ја снижува точката на
палење.
Почитувајте ги информациите за бои дадени од
u
производителот во врска со прскањето, на пр., во
техничките информации или листот со податоци.
Бидете сигурни дека нема да прскате со бои за кои
производителот тврди дека не се соодветни.
1 609 92A 9JV | (26.03.2024)
– Добро промешајте го материјалот за прскање.
Употребата на материјал за прскање на собна
температура доведува до подобра слика на прскање.
– Доколку е потребно, разредете го материјалот за
прскање.
Доколку пробното прскање не произведе добро
прскање, разредете во 5 % чекори додека не се
постигне оптимално прскање.
Материјал за прскање
Средство за заштита на дрво, масла,
лазури, средства за импрегнација,
вода
Бои со раствор или бои за лакирање
разредени со вода (препорачано),
прајмери, прајмери за заштита од 'рѓа,
лакови за радијатори, дебелослојни
лазури
Дисперзивни и латекс бои (ѕидови)
Табела за разредување
Материјал
Средство за разредување [ml] за
за прскање
разредување
[ml]
5 %
600
30
700
35
800
40
900
45
1000
50
Полнење на материјал за прскање (види слика B)
Напомена: Извадете ја батеријата од алатот пред да го
полните со материјал за прскање.
– При користење на големи количини, преточете го
материјалот за прскање во мала кофа за преточување 
(на пр. 10 l боја за ѕид во 2,5- или 5,0 l празна кофа).
– Одвртете го резервоарот (2) од пиштолот за прскање.
– Наполнете го материјалот за прскање максимално до
ознаката 1200 на садот во садот (2).
– Свртете ја цевката за всисување (8) така што
материјалот за прскање ќе може да се распрска скоро
без остаток:
За прскање на хоризонтални
предмети:
нанапред во правец на капачето со
млазницата/капачето за
вентилација.
За прскање на плафон:
наназад во правец на рачката.
Препорачан
разредувач
0 %
0–5 %
најмалку 5 %
10 %
15 %
60
90
70
105
80
120
90
135
100
150
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

0.603.208.100