– Прицврстете го резервоарот (2) назад на пиштолот за
прскање (1).
– Направете една проба на површина за тестирање.
Доколку добиете оптимална слика на прскање, може да
започнете со прскањето.
или
Ако резултатот од прскање не е задоволителен или ако не
излезе боја: (види „Отстранување на пречки",
Страница 236)
Ставање во употреба
Внимавајте на тоа, за време на употребата,
u
основната единица да не всисува прав или други
нечистотии.
Пред секое работење на електричниот алат (на пр.
u
одржување, промена на алатот итн.) извадете ја
батеријата од електричниот алат. При невнимателно
притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување постои опасност од повреди.
Не се прскајте себе си, други лица или животни.
u
Прекинете го процесот на прскање, доколку за
u
време на прскањето излегува течност од другите
места надвор од предвидената млазница и
поправете го пиштолот за прскање. Постои опасност
од електричен удар.
Вклучување
– Вметнете ја батеријата.
– Земете го во рака пиштолот за прскање и насочете го
кон површината за прскање.
– Притиснете го прекинувачот (5) на пиштолот за
прскање.
Исклучување
– Ослободете го прекинувачот (5).
– Извадете ја батеријата.
Совети при работењето
Прскање (види слика C)
Напомена: Внимавајте на правецот на ветрот, доколку го
користите електричниот алат на отворено.
– Најпрво извршете пробно прскање и наместете ја
сликата на млазот и количината на материјал за
прскање во зависност од материјалот за прскање.
За подесување, видете во следните поглавја.
– Системот за фино распрскување држете го на
подеднакво растојание од 15–20 cm вертикално кон
објектот за прскање.
– Почнете со прскање надвор од површината за
прскање.
– Во зависност од подесената слика на прскање,
движете го системот за фино распрскување
рамномерно хоризонтално или вертикално.
Подеднаков квалитет на прскање се постигнува, кога
насоките на прскање се преклопуваат за 4–5 cm.
– При прскање на легнати објекти или при прскање на
плафон, системот за фино прскање држете го малку на
Bosch Power Tools
косо и движете се наназад оддалечувајќи се од
површината на прскање.
Опасност од сопнување! Внимавајте на можните
пречки.
– Избегнувајте прекини внатре во површината за
прскање.
Рамномерното водење на системот за фино
распрскување дава еднаков квалитет на површината.
Нерамномерното растојание и агол на прскање води кон
зголемено создавање магла од боја, а поради тоа и до
нерамномерно бојосани површини.
– Завршете со процесот на прскање надвор од
површината за прскање.
Не го исцрпувајте сосема резервоарот со материјал за
прскање. Доколку цевката за всисување не е потоната во
материјалот за прскање, ќе се прекине млазот на
прскање и се создава нерамномерна површина.
– По паузи или повторно полнење на резервоарот (2)
проверете ја млазницата за боја (10) и капачето за
вентилација (3) и доколку е потребно исчистете ги.
– Доколку се насобере материјал за прскање на
капачето за вентилација (3) или на млазницата во боја,
исчистете ги компонентите со соодветна четка или со
навлажнета крпа.
Местење на сликата на прскање
Никогаш не го активирајте прекинувачот (5),
u
додека го поставувате капачето за вентилација (3).
– Свртете го капачето за вентилација (3) во саканата
позиција.
Капаче за
Млаз за прскање Примена
вентилација
Подесување на количината на материјалот за прскање
(види слика D)
(PAINTVolume)
– Свртете го вртливото копче (6) за да ја поставите
саканата количина на материјал за прскање:
Македонски | 233
Хоризонтален
плоснат млаз за
вертикална
насока на работа
Вертикален
плоснат млаз за
хоризонтална
насока на работа
Округол млаз за
агли, рабови и
тешко достапни
места
1 609 92A 9JV | (26.03.2024)