Milwaukee M18 FBCU Manual Original página 82

Ocultar thumbs Ver también para M18 FBCU:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 29
ротираат побрзо од нивната номинална брзина можат да се скршат и
да се расклопат.
Носете заштитни очила, заштита за слухот и заштитни ракавици.
Носењето соодветна заштитна опрема го намалува ризикот од
повреда од разлетани мали делови или случаен контакт со конецот
за сечење или сечилото.
Секогаш носете заштитни чевли кога ракувате со уредот.
Не ракувајте со уредот боси или со отворени чевли. Така ќе
избегнете повреди на стапалата од контакт со ротирачката алатка за
сечење, конецот за сечење или сечилото.
При ракување со машината секогаш да се носат долги
панталони. Голата кожа го зголемува ризикот од повреда од
исфрлениот материјал.
За време на употребата, оддалечете ги настрана другите лица.
Исфрлените делови можат да предизвикаат сериозни повреди.
Уредот при работа секогаш да се води со двете раце. Држењето
на уредот со двете раце спречува да ја изгубите контролата над него.
Секогаш држете го уредот за изолираните површини за држење
во случај конецот за сечење или сечилото да дојдат во контакт
со проводници на струја. По контакт со кабли под напон, металните
делови на алатката стануваат проводници и можат да предизвикаат
струен удар на ракувачот.
Секогаш внимавајте да имате цврсто подножје и ракувајте со
уредот само кога стоите на земја. Лизгавите или нестабилните
површини може да предизвикаат губење рамнотежа или губење на
контролата над алатката.
Не користете го уредот на екстремна стрмнина. Вака се намалува
ризикот од губење контрола, лизгање и паѓање и се спречуваат
повреди.
Кога работите на стрмнина, осигурете се дека стоите сигурно и
секогаш работете напречно на стрмнината. Никогаш немојте да
работите по должината на стрмнината и бидете крајно внимателни
при промена на правецот. Вака се намалува ризикот од губење
контрола, лизгање и паѓање и се спречуваат повреди.
Држете ги сите делови од телото подалеку од алатката за
сечење, конецот за сечење или сечилото за време на работата.
Пред да го вклучите уредот, проверете дали алатката за сечење,
конецот за сечење или сечилото не допираат ништо. Дури и
краток момент на невнимание за време на работата со уредот може
да доведе до сериозни повреди.
Не водете го уредот над висината на половината. На овој начин,
може да се избегне ненамерен контакт со алатката за сечење или
сечилото и подобро може да се контролира уредот во неочекувани
ситуации.
Внимавајте на повратен удар од гранки кога сечете грмушкии
фиданки кои се затегнати. Ако се ослободи затегнатоста на дрвото,
грмушките или фиданките, можат да го погодат ракувачот и/или да го
исфрлат уредот надвор од контрола.
Обратете посебно внимание кога сечете грмушки и фиданки.
Тенкиот материјал може да се фати во сечилото и да замавне кон вас
или да ве исфрли од рамнотежа.
Секогаш одржувајте ја контролата над уредот и не допирајте ја
единицата за сечење, конецот за сечење или сечилото и другите
опасни ротирачки делови додека сè уште се во движење. Така го
намалувате ризикот од повреда од ротирачки делови.
Транспортирајте го уредот само кога е исклучен и држете го
подалеку од телото. Правилната употреба на уредот го намалува
ризикот од случаен контакт со ротирачката единица за сечење,
конецот за сечење или сечилото.
Кога ја транспортирате или складирате алатката, секогаш
ставајте го штитникот на сечилото. Правилната употреба на уредот
го намалува ризикот од случаен контакт со сечилото.
Користете само резервни делови за единици за сечење, конци за
сечење, глави за сечење и сечила наведени од производителот.
Неодобрените резервни делови може да предизвикаат оштетување
и повреди.
Пред да ги отстраните остатоците од сечењето или пред да
работите на одржување на уредот, уверете се дека главниот
прекинувач и батеријата се исклучени. Случајното активирање на
уредот при отстранување на остатоци од сечењето или во текот на
работата за одржување може да резултира со сериозни повреди.
162
МАКЕДОНСКИ
Повратен удар - причини и упатства за предупредување
Повратен удар е кога уредот ненадејно се отфрлува настрана, напред
или наназад. Ова може да се случи ако сечилото се заглави или се
фати, на пример, во млад ластар или трупец од дрво. Повратниот
удар може да биде доволно силен за да ги отфрли уредот и/или
ракувачот и да предизвика да ја изгубите контролата над алатката.
Со преземање на следните мерки на претпазливост, можете да
избегнете повратен удар и поврзани опасности.
Држете го уредот цврсто со двете раце и подгответе се да
ги користите рацете за да го апсорбирате секој повратен
удар. Држете се лево од уредот. Повратниот удар може да го
зголеми ризикот од повреда бидејќи уредот се движи неочекувано.
Повратниот удар може да се контролира со преземање соодветни
мерки на претпазливост.
Ако се заглави сечилото или сакате да го прекинете процесот на
сечење, исклучете го уредот и држете го цврсто додека сечилото
целосно не запре. Никогаш не обидувајте се да ја извлечете
алатката со блокирано сечило што работи од материјалот или да
ја повлечете наназад. Во спротивно, може да дојде до повратен
удар. Најдете ја причината за блокирањето на сечилото и отстранете
ја.
Не користете тапи или оштетени сечила. Тапите или оштетените
сечила го зголемуваат ризикот од блокирање или заглавување, што
може да доведе до повратен удар на сечилото.
Погрижете се да имате јасен поглед на материјалот што се сече.
Повратните удари се почести кога не можете да видите што точно
сечете.
Исклучете го уредот ако ви пријде друго лице додека работите.
Во случај на повратен удар, лицата во близина имаат зголемен ризик
да бидат повредени од ротирачкото сечило.
Работете во опсег на сечилото од 8 до 12 (видете ја сликата на
страница 25). Во опсегот помеѓу 12 и 2 постои поголем ризик од
повратен удар.
ДОПОЛНИТЕЛНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Немојте да дозволите, деца, лица со ограничена телесна, сензорска
или душевна способност или недостаток на искуство и знаења или
лице, кои што не се запознаени со упатството за употреба, да ја
користат оваа машина. Локалните прописи може да ја ограничат
возраста на операторот.
Држете ги рацете подалеку од уредите со остри рабови наменети за
ограничување на конецот за сечење.
Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација проодни и чисти.
Секогаш одржувајте ги алатките за сечење остри и чисти.
Правилно одржуваните алатки за сечење со остри сечила имаат
помала веројатност да се блокираат и полесно се контролираат.
Острењето и сервисирањето на приборот за алатки за сечење
треба да го врши само овластен сервисен центар. Нерамномерното
повторно острење на сечилата може да доведе до необични
движења на главата за сечење и да го зголеми ризикот од несреќи за
операторот.
Не користете продолжеток за прицврстување на додатокот на
алатката. Продолжетокот го отежнува контролирањето на уредот и
може да доведе до повреда.
Користете го ременот за рамо за да си ја олесните работата и да
имате подобра контрола над уредот.
Не носете повеќе ремени на рамо истовремено. Кога користите
ремен за на рамо, осигурете се дека друга облека не го попречува
отворањето и отстранувањето на ременот.
Не користете го уредот во близина на предмети што горат или чадат,
како што се цигари, кибрит или врела пепел.
За да ги минимизирате здравствените ризици од испарувања или
прашина, не користете го уредот во близина на отровни, канцерогени
или други опасни материи. Тука спаѓаат, на пр., азбест, арсен, бариум,
берилиум, олово, пестициди или други штетни материи.
Работете внимателно околу украсни растенија и други пречки.
Приборот за сечење може да расече/оштети многу материјали.
Не користете го уредот без заштитниот капак. Заштитниот капак мора
секогаш да е поставен за време на работата. Користењето на уредот
без заштитен капак може да предизвика сериозни повреди.
Не користете го уредот без предната рачка. Предната рачка мора
секогаш да е поставена за време на работата.
Не користете го уредот како уред за сечење на рабовите на
тревникот. Не навалувајте го уредот под прав агол на земјата. Водете
ја главата на косата паралелно со земјата. Во спротивно, капакот
нема да ве заштити од исечоците што се исфрлаат.
Подгответе се за неочекувани движења доколку дојде до контакт со
тврди предмети. Губењето контрола на уредот може да резултира со
сериозни повреди.
Отфлениот материјал може да отскокне од тврди површини како што
се ѕидови, дрвја или камења и да предизвика повреда. Ако е можно,
работете рачно во тесни области.
Пред секоја работа исчистете ја работната област. Отстранете ги сите
објекти како што се кабли, светла, жици или јажиња,, кои можатда
бидат фрлени или фатени во сечачот.
Внимавајте на тоа дека материјалот може да биде исфрлен, така
што минувачите, децата и домашните миленичиња мора да бидат
оддалечени најмалку 15 m од работната површина.
Да не работите на слаба светлина. Операторот побарува чист
поглед на работното подрачје за идентификување на потенцијалните
опасности.
Прегледајте го производот пред секое користење. Проверете дали
затворачите или другите делови се добро прицврстени. Осигурајте
се дали заштитните механизми или рачките се уредно и сигурно
прицврстени. Пред употребата заменети ги сите оштетени делови.
Проверете дали батеријата ќе се испразни.
Не правете никакви измени на уредот.
Деца или необучени лица не смеат да го користат уредот.
Кога го користите овој уред, носете целосна заштита за очите и
ушите. Кога работите во области каде што постои ризик од паѓање на
делови, треба да носите заштита за главата.
Врзете ја косата одзади, така што истата ќе биде над должината
на рамениците, за да спречите косата да се закачи на подвижните
делови од машината.
Не работете со уредот ако сте изморени, болни или под дејство на
алкохол или лекови.
Пред да го стартувате уредот, проверете ги ножевите да не допираат
во ништо.
Внимавајте на сигурно растојание и рамнотежа. Избегнувајте
неприродно држење на телото. Прекумерното истегнување може да
предизвика губење на рамнотежа или допирање на жешки површини.
Ножевите се многу остри. Носете заштитни ракавици што не се
лизгаат кога ракувате со уредот со нож. Никогаш не го допирајте
ножот и не го одржувајте уредот додека акумулаторот е во него.
Предупредување! Ако производот падне, претрпи тежок
удар или ако чудно вибрира, веднаш стопирајте го производот и
проверете да не има некакви оштетување или идентификувајте
ја причината за вибрирањето. Секоја штета мора уредно да биде
отклонета од страна на овластениот сервис или треба да се замени
производот.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е
зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не
горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите батерии,
со што ја штитат нашата околина.
Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток
спој).
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18
систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен
напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата,
измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите
плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава
краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата
батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не
проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности,
како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати
или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да
предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Производот е наменет само за употреба на отворено и од стана на
лице во стоечка положба.
Рачна косилка за трева
Производот е наменет за косење трева, троскот и слична вегетација
на ниво на тлото.
При косењето држете го алатот по можност паралелно со
површината на почвата.
Поткаструвач за грмушки
Овој уред е дизајниран за отстранување на мали дрмки и грмушки,
сечење млади ластари, обликување тревници, разретчување,
отстранување на плевелот, косење висока трева и отстранување
коприви во градините и јавните зеленила.
Немојте да го употребувате производот за поткастрување и косење
на жива ограда, грмушки или остраната вегетација, кај кои рамнината
на сечење не е паралелна со тлото.
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ПРЕОСТАНАТИ РИЗИЦИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да се
појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора да обрати
внимание на следново:
• Повреди предизвикани како последица на вибрации.
Држете ја алатката за рачките предвидени за тоа и ограничете го
времето на работа и експозиција.
• Изложеноста на бучава може да доведе до оштетување на
слухот. Носете заштита за ушите и ограничете го траењето на
експозицијата.
• Честичките нечистотија може да предизвикаат повреди на очите.
Секогаш носете заштитни очила, долги панталони и цврсти чевли.
• Вдишување токсични прашини.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат
пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи
температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно
по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата
на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-јонски
батерии
При екстремно висок вртежен момент, блокирање или краток спој со
преголема струја вибрира уредот околу 5 секунди, трепка приказот
за батеријата и уредот се ИСКЛУЧУВА. Пуштете го копчето за
ослободување, за да ресетирате.
Под екстремни услови може да се зголеми температурата на
батеријата. Во тој случај трепка приказот за батеријата додека се
олади. Ако приказот не трепка повеќе, уредот е повторно подготвен
за работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
МАКЕДОНСКИ
163
loading