Bosch GRT 18V-33 Manual Original página 226

Ocultar thumbs Ver también para GRT 18V-33:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 33
226 | Македонски
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Полнете ја батеријата само со полнач наведен од
u
производителот. Полнач којшто е соодветен за еден
тип сет на батерии може да предизвика опасност од
пожар ако се користи за друг сет на батерии.
Електричните алати користете ги само со
u
специјално наменети сетови на батерии.
Користењето на други сетови на батерии може да
предизвика опасност од повреда или пожар.
Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го
u
подалеку од други метални предмети, како на пр.,
спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или
други помали метални предмети што може да
предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток
спој на батериските извори може да предизвика
изгореници или пожар.
Под непредвидени околности, течноста може да
u
истече од батеријата; избегнувајте контакт. При
случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако
течноста влезе во очите, побарајте дополнителна
медицинска помош. Течност истечена од батеријата
може да предизвика иритација или изгореници.
Не употребувајте сет на батерии или алат што е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на
u
оган или висока температура. Изложувањето на оган
или на температура повисока од 130 °C може да
предизвика експлозија.
Следете ги сите упатства за полнење и не го
u
полнете сетот на батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Неправилното полнење или на температура надвор од
F 016 L94 542 | (07.02.2023)
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови. Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Никогаш не поправајте оштетени сетови на
u
батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја
врши само производителот или овластен сервис.
Безбедносни напомени за тримери за трева,
косилки и режачи со четки за пила
Не користете го уредот при невреме, особено не
u
кога има грмотевици. Со тоа ќе ја намалите опасноста
од удар на гром.
Темелно проверете ја областа и површината каде
u
ќе работите да не има диви животни. Дивите
животни можат да бидат повредени кога машината е во
погон.
Проверете го детално полето каде ќе работите и
u
отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и
други предмети. Исфрлените делови може да
предизвикаат повреди.
Пред да ја користите машината, секогаш
u
проверувајте дали алатката за сечење или листот за
пила и единицата за сечење или режење не се
оштетени. Оштетените делови го зголемуваат ризикот
од повреда.
Следете ги упатствата за промена на алатките кои
u
се вметнуваат. Неправилно затегнатите навртки или
завртки за листот на пилата може или да го оштетат
листот на пилата или да го откачат.
Номиналната брзина на листот за пила мора да
u
биде најмлаку толку висока колку што е наведената
максимална брзина за оваа машина. Листот од
пилата што се врти побрзо од номиналната брзина
може да се скрши и да летаа наоколу.
Носете заштита за очи, слух и глава и заштитни
u
ракавици. Соодветната лична заштитна опрема ќе ги
намали повредите од летечки делчиња или случајниот
контакт со линијата на сечење или листот од пилата.
Секогаш носете заштитни чевли кога ракувате со
u
машината. Никогаш не работете боси или со
отворени сандали. Ова ќе го намали ризикот од
повреди на стапалото при контакт со ротирачкиот лист
на пилата.
Секогаш носете долги панталони кога ракувате со
u
машината. Голата кожа значи зголемена веројатноста
за повреда во случај на исфрлени предмети.
Држете се понастрана од случајните минувачи кога
u
ракувате со машината. Исфрлените делови може да
предизвикаат сериозни повреди.
Секогаш користете ги двете раце кога работите со
u
машината. Држете ја машината со двете раце за да
избегнете губење контрола.
Bosch Power Tools
loading

Este manual también es adecuado para:

Gfr 18v-23