372 | Македонски
полето помеѓу предниот забец на сечилото за пила и
предниот раб на клинот за расцепување.
– Олабавете ги сите пеперутка-навртки од сетот за
прицврстување (39) и поместете го дополнителниот
паралелен граничник додека само двете предни
завртки ќе служат за прицврстување.
– Повторно затегнете ги пеперутка-навртките.
Подесување на клинот за расцепување
Клинот за расцепување (7) спречува сечилото за пила
(33) да се заглавува во засекот. Во спротивно постои
опасност на повратен удар, доколку сечилото за пила се
закачи на предметот за обработка.
Затоа секогаш внимавајте, клинот за расцепување да
биде правилно поставен:
– Радијалниот процеп помеѓу сечилото за пила и клинот
за расцепување смее да биде максимално 3 − 8 mm.
– Дебелината на клинот за расцепување мора да биде
помала од ширината на сечењето и поголема од
основната дебелината на листот.
– Клинот за расцепување мора секогаш да биде во една
линија со сечилото за пила.
– За нормални сечења за раздвојување клинот за
расцепување мора секогаш да биде во највисоката
можна позиција.
Подесување на висината на клинот за расцепување
(види слика H)
За сечење на жлебови мора да ја поставете висината на
клинот за расцепување.
Користете го електричниот алат за правење
u
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
– Отворете го затезниот лост (49) и извадете го
заштитниот поклопец (6) од жлебот на клинот за
разделување (7).
За да ја заштитите заштитната хауба од оштетувања,
сместете ја во соодветниот држач (22) на куќиштето
(погледнете ја и сликата R1).
– Свртете ја курблата (20) во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што сечилото за пила
(33) ќе се наоѓа во највисоката можна позиција над
масата за сечење.
– Олабавете го затезниот лост (46).
– Извлечете го клинот за разделување од клиновите
(47) (малку извлечете го затезниот лост (46)
нанадвор) и притиснете го клинот за разделување (7)
надолу до крај.
– Двата клина (47) нека се вклопат во горните отвори на
клинот за разделување и повторно затегнете го
затезниот лост (46).
Ставање во употреба
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
u
струјниот извор мора да одговара на оној кој е
1 609 92A 7WN | (14.06.2022)
наведен на спецификационата плочка на електричниот
алат.
Вклучување (види слика I1)
– Преклопете го сигурносниот поклопец (21) нагоре.
– За ставање во употреба, притиснете на зеленото копче
за вклучување (70).
Исклучување (види слика I2)
– Притиснете на сигурносниот поклопец (21).
Прекин на струја
Прекинувачот за вклучување-исклучување е таканаречен
прекинувач за нулта напон, кој спречува рестартирање
на електричниот алат по прекин на струја (на пр.
извлекување на струјниот кабел за време на работата).
За да може повторно да го користите електричниот алат,
одново притиснете на зеленото копче за вклучување
(70).
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
u
сечилото за пила во ниеден момент нема да ги
допре граничниците или другите делови на уредот.
Користете го електричниот алат за правење
u
жлебови или засеци само со соодветен заштитен
уред (на пр. тунелска заштитна хауба, притисен
чешел).
Не го користете електричниот алат за правење
u
процепи (жлеб што завршува во делот што се
обработува).
Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го
изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.
Клинот за расцепување мора да биде во права линија со
сечилото за пила, за да се избегне заглавување на делот
што се обработува.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за
поставување на паралелниот граничник.
Секогаш чувајте ја водечката летва на електричниот алат.
Позиција на корисникот (види слика J)
Никогаш не стојте директно во линија со сечилото.
u
Секогаш позиционирајте го телото на иста страна со
сечилото, како паралелниот граничник. Одбивањето
може да го насочи делот што се обработува во близина
на лице кое стои пред и во иста линија со сечилото.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкото сечило за пила.
Притоа внимавајте на следниве напомени:
– Предметот за обработка држете го безбедно со двете
раце и цврсто притиснете го на столот на пилата.
– За тесни делови за обработка и за сечење на
вертикални агли на закосување секогаш користете ја
испорачаната подвижна водечка летва (13) и
дополнителниот паралелен граничник (52).
Bosch Power Tools