OBJ_BUCH-1128-004.book Page 307 Wednesday, April 15, 2015 4:58 PM
Изјава за сообразност
Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот
опишан во „Технички податоци" соодветствува на сите
применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и
е сообразен со следните норми:
EN 61029-1, EN 61029-2-9.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Henk Becker
Helmut Heinzelmann
Executive Vice President
Head of Product Certification
Engineering
PT/ETM9
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
70764 Leinfelden-Echterdingen, GERMANY
Leinfelden, 17.04.2015
Монтажа
Избегнувајте невнимателно вклучување на
електричниот апарат. За време на монтажата и при
сите интервенции на електричниот апарат, струјниот
приклучок не смее да се приклучува на напојување
на струја.
Обем на испорака
Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за оплата со монтиран лист на пилата
– Копче за фиксирање 12
– Вреќичка за прав 1
– Адаптер за вшмукување 45
– Виљушкаст клуч 42
Внатрешен шестаголен клуч 43
Внатрешен шестаголен клуч 44
– Цевчест клуч/Внатрешен шестаголен клуч/крстаст
одвртач 33
– Брза стега 21
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Bosch Power Tools
Монтирање на копчето за фиксирање
(види слика A)
– Завртете го копчето за фиксирање 12 во соодветниот
отвор над лостот 13.
Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 12
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слики B1–B2)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 17.
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот апарат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на Bosch-работна маса
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Македонски | 307
1 609 92A 19J | (15.4.15)