Bosch Climate 2000 Manual De Instalación página 89

Ocultar thumbs Ver también para Climate 2000:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
▶ Измазнете го крајот на цевката и исчистете го од деланки.
▶ Поставете ја навртката на цевката.
▶ Проширете ја цевката со соодветен алат за да одговара на
димензиите од табела 113.
Навртката мора да може лесно да се поставува на работ, но не и
да испаѓа од него.
▶ Поврзете ја цевката и затегнете ја спојката со вртежната сила
наведена во табела 113.
▶ Повторете го чекорот горе за втората цевка.
Надворешен дијаметар
на цевка Ø [mm]
6,35 (1/4")
9,53 (3/8")
12,7 (1/2")
15,9 (5/8")
Таб. 113 Спецификации за фитинзите за цевки
3.4.2
Поврзување одвод за кондензат на внатрешната
единица
Садот за кондензат на внатрешната единица е опремен со два
приклучока. Фабрички се монтирани црево за кондензација и
чепови, коишто можете да ги смените ( Слика 61).
▶ Поставете го цревото за кондензат така што ќе има пад за
слевање на кондензатот.
3.4.3
Проверка за протекувања и полнење на системот
Проверка за протекувања
Следете ги националните и локалните регулативи за проверката за
протекувања.
▶ Отстранете ги капачињата од вентилите за гас, сервисирање и
течност ( слика 68, [1], [2] и [3]).
▶ Поврзете го Шрадер-отворачот [6] и уредот за мерење
притисок [4] на сервисниот приклучок [1].
▶ Завртете го Шрадер-отворачот и отворете го Шрадер-вентилот
[1].
▶ Оставете ги вентилите [2] и [3] затворени и наполнете го
системот со азот додека притисокот не го надмине максималниот
работен притисок за 10 % ( страница 94).
▶ Проверете по 10 минути дали притисокот е променет.
▶ Испуштете го азотот додека не се достигне максималниот
работен притисок.
▶ Проверете дали притисокот е променет по 1 час.
▶ Испуштете го азотот.
Полнење на системот
HAПOMEHA
Дефектна функција поради погрешно разладно средство
Надворешната единица е наполнета со разладно средство R32
фабрички.
▶ Кога ќе мора да дополните разладно средство, наполнете го
уредот само со истото средство. Не мешајте различни типови
разладно средство.
▶ Празнете го системот со вакуумска пумпа ( слика 68, [5])
додека не достигне околу −1 бар (или околу 500 микрони).
▶ Отворете го горниот вентил [3] (од страна на течноста).
▶ Проверете со уред за мерење притисок [4] дали има проток.
▶ Отворете го долниот вентил [2] (од страната на гасот).
Разладното средство е распоредено низ системот.
Climate 2000 – 6721852025 (2024/01)
Вртежна сила [Nm]
компресискиот отвор (A)
18-20
32-39
49-59
57-71
HAПOMEHA
Намалена ефикасност поради размена на топлина меѓу
разладните линии
▶ Изолирајте ги топлински разладните линии одделно една од
друга.
▶ Поставете ја изолацијата на цевките и фиксирајте ја.
Дијаметар на
Компресиски крај на
[mm]
8,4-8,7
90°± 4
13,2-13,5
A
16,2-16,5
19,2-19,7
▶ На крајот, проверете го притисокот.
▶ Одвртете го Шрадер-отворачот [6] и затворете го Шрадер-
вентилот [1].
▶ Отстранете ги вакуумската пумпа, уредот за мерење притисок и
Шрадер-отворачот.
▶ Поставете ги капачињата на вентилите.
▶ Вратете го капакот за спојките за цевки на надворешната
единица.
3.5
Електричен приклучок
3.5.1
Општи напомени
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност по животот поради струен удар!
Допирањето на електричните делови додека се под напон може да
предизвика струен удар.
▶ Пред да работите на електричните делови: отповрзете ги сите
полови на напојувањето (осигурувачи/LS-прекинувач) и
осигурете ги од повторно вклучување.
▶ Работата на електричниот систем смее да ја извршува само
лиценциран електричар.
▶ Лиценциран електричар мора да ја одреди точната големина на
жици и прекинувач на коло. За таа цел, треба да се внимава на
максималната потрошувачка на струја во техничките податоци
( видете го поглавјето 7, страница 94).
▶ Внимавајте на мерките за заштита согласно националните и
меѓународните прописи.
▶ Ако во мрежното напојување има одреден безбедносен ризик
или пак се случи краток спој при инсталирањето, информирајте
го операторот во писмена форма и не инсталирајте го уредот
додека не го отстраните проблемот.
▶ Поврзете ги сите електрични приклучоци согласно шемата за
електриката.
▶ Отстранувајте ја изолацијата од каблите само со специјална
алатка.
▶ Користете соодветни кабелски стеги (вклучени во доставата) за
да ги поврзете каблите цврсто со постоечките шелни за
прицврстување/кабелски водилки.
▶ Не поврзувајте други уреди на истиот штекер на којшто е поврзан
уредот.
▶ Не помешувајте ги фазниот и PEN-спроводникот. Инаку може да
предизвикате пречки на функциите.
Однапред монтирана
цевка
навојна компресиска
навртка
3/8"
3/8"
5/8"
45°± 2
3/4"
R0.4~0.8
Монтажа
89
loading

Este manual también es adecuado para:

Cl2000u w 26 eCl2000u w 35 eCl2000u w 53 eCl2000u w 70 eCl2000 26 eCl2000 35 e ... Mostrar todo