Bosch Climate 2000 Manual De Instalación página 85

Ocultar thumbs Ver también para Climate 2000:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
Симбол
Значење
Други информации ќе најдете во техничката
документација.
Одржувањето треба да го спроведува
квалификувано лице, кое ќе ги следи насоките во
упатствата за одржување.
Внимавајте при работата на насоките во упатството
за ракување.
Симбол за номинално загревање
Симбол за номинално ладење
Симбо лза круг на разладно средство со
високопритисочна страна (горе) и
нископритисочна страна (долу)
EAC-ознака за усогласеност за стоки на пазарот од
земјите членки на Европската економска унија
Симболот укажува на сортирање отпад како
електрични и електронски уреди.
Таб. 107
1.2
Општи безбедносни напомени
HНапомени за целната група
Овие упатства за монтажа се наменети за специјализирани лица за
технологија за разладување и климатизација, како и за електро-
техничари. Мора да се следат насоките во сите упатства релевантни
за системот. Ако не се следат насоките, може да дојде до
материјални штети и лични повреди, коишто може да бидат дури и
смртоносни.
▶ Прочитајте ги сите упатства за монтажа за сите компоненти на
системот пред монтажата.
▶ Внимавајте на безбедносните напомени и предупредувањата.
▶ Внимавајте на националните и регионалните прописи, технички
правила и регулативи.
▶ Документирајте го сработеното.
HПрописна употреба
Внатрешната единица е предвидена за инсталација во објект, со
поврзување со надворешната единица и дополнителните
компоненти на системот, на пример, регулатори.
Надворешната единица е предвидена за инсталација надвор од
објект, со поврзување со една или повеќе внатрешни единици и
дополнителните компоненти на системот, на пример, регулатори.
Клима уредот е предвиден само за комерцијална/приватна употреба
каде што температурните отстапувања од одредените точки не водат
кон штети по живиот свет или материјалите. Клима уредот не е
предвиден за прецизно поставување и одржување на потребната
апсолутна влажност.
Секоја друга употреба се смета за непрописна. Непрописната
употреба и штетите што резултираат од неа се исклучени од
гаранцијата.
Climate 2000 – 6721852025 (2024/01)
Објаснување на симболите и безбедносни напомени
За инсталација на специјални локации (подземно паркиралиште,
балкон или други полуотворени простори):
▶ Внимавајте на барањата за местото на инсталација, наведени во
техничката документација.
HОпшти опасности предизвикани од разладното средство
▶ Овој уред е наполнет со разладно средство R32. Гасот од
разладното средство може да биде токсичен ако дојде во контакт
со оган.
▶ Ако истече разладно средство за време на монтажата, темелно
проветрете ја просторијата.
▶ По монтажата, проверете дали има некакво протекување на
системот.
▶ Не ставајте никакви други супстанци во разладното коло освен
наведеното разладно средство (R32).
HБезбедност на електричните уреди за домашна употреба и
слични намени
Со цел да се избегнат опасности, важат следниве спецификации во
однос на EN 60335-1:
«Овој уред можат да го користат деца над 8-годишна возраст, како и
лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, или
пак без искуство и знаење, земајќи предвид дека се под надзор или
добиваат упатства како безбедно да го користат уредот и ги
разбираат опасностите што произлегуваат од употребата. Децата не
смеат да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето не смеат да
се изведуваат од страна на деца без да бидат под надзор.»
«Доколку се оштети кабелот за струја, истиот мора да го замени
производителот или сервисна служба, или пак друго квалификувано
лице со цел да се избегнат опасностите што произлегуваат од
замената.»
HПредавање на корисникот
Подучете го корисникот при предавањето на клима уредот за
ракувањето и условите на работа на уредот.
▶ Објаснете како се ракува со уредот – притоа, особено посветете
внимание на тоа како се користи безбедно.
▶ Особено внимавајте на следниве точки:
– Модификациите или сервисирањето смее да го врши само
одобрен специјалист.
– За уредот да работи безбедно и еколошки, задолжително е
барем еднаш годишно да се проверува и да се чисти и
одржува по потреба.
▶ Можните последици (лични до смртоносни повреди, или
материјални штети) произлегуваат поради недостаток или
несоодветна проверка, чистење и одржување.
▶ Предајте ги упатствата за монтажа и ракување на корисникот за
да ги има на располагање во иднина.
1.3
Напомени за овој прирачник
Ќе пронајдете збир од илустрации на крајот од овој прирачник.
Текстот содржи упатувања кон илустрациите.
Во зависност од моделот, вашиот производ може да се разликува од
тој во илустрациите во овој прирачник.
85
loading

Este manual también es adecuado para:

Cl2000u w 26 eCl2000u w 35 eCl2000u w 53 eCl2000u w 70 eCl2000 26 eCl2000 35 e ... Mostrar todo