Bosch Climate 2000 Manual De Instalación página 88

Ocultar thumbs Ver también para Climate 2000:
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 34
Монтажа
▶ Одржувајте ги влезовите и излезите за воздух слободни и без
препреки за да може воздухот да циркулира непречено. Во
спротивно, уредот може да не работи задоволително и да се
зголеми нивото на бучава.
▶ Држете ги телевизорот, радиото и другите вообичаени уреди
барем 1 m од уредот или неговиот далечински управувач.
▶ Изберете ѕид за внатрешната единица којшто ги ублажува
вибрациите.
▶ Имајте ја предвид минималната потребна површина на
просторијата.
Тип на уред
Висина на монтажа
CL2000U W 26 E
CL2000U W 35 E
CL2000U W 53 E
CL2000U W 70 E
Таб. 112 Минимална површина на просторијата
Ако точката на монтажа е ниска, тогаш подната површина мора да
биде доволно голема.
Надворешна единица
▶ Не изложувајте ја надворешната единица на испарувања од
машинско масло, извори на врела пареа, сулфурни гасови итн.
▶ Не монтирајте ја надворешната единица каде што е директно
изложена на вода или морски ветер.
▶ Надворешната единица мора да биде заштитена од снег.
▶ Издувниот воздух или бучавата од работата на уредот не смее да
ја вознемирува околината.
▶ Воздухот мора да има добра циркулација околу надворешната
единица, но не смее уредот да биде изложен на силен ветер.
▶ Кондензацијата што се создава при работата мора слободно да
истекува и да не создава проблеми по околината. Ако е потребно,
поставете црево низ кое ќе истекува. Во ладните региони, не се
препорачува поставување на истечно црево бидејќи може да
замрзне
▶ Поставете ја надворешната единица на стабилна подлога.
3.3
Монтажа на уредот
HAПOMEHA
Материјална штета поради непрописна монтажа!
Непрописната монтажа може да предизвика уредот да отпадне од
ѕидот.
▶ Монтирајте го уредот само на цврст и рамен ѕид. Ѕидот мора да
има капацитет да ја издржи тежината на уредот.
▶ Употребете завртки и типли наменети само за типот на ѕид и за
тежината на уредот.
3.3.1
Монтирање на внатрешната единица
▶ Отворете го пакетот на горната страна и извадете ја внатрешната
единица ( слика 57).
▶ Поставете ја внатрешната единица со калапите од пакувањето на
нејзината предна страна ( слика 58).
▶ Одвртете ги завртките и монтажната плоча на задната страна на
внатрешната единица.
▶ Одредете го местото каде што ќе биде монтирана земајќи ги
предвид минималните растојанија ( слика 53).
▶ Прицврстете ја монтажната плоча на ѕидот со завртка и типла на
горната средна точка и нивелирајте ја ( слика 59).
▶ Прицврстете ја монтажната плоча и со другите четири завртки и
типли за да биде припиена за ѕидот.
88
Минимална
[m]
површина на
просторијата [m
≥ 1,8
≥ 4
≥ 1,8
≥ 6
▶ Издупчете отвор во ѕидот за црево (се препорачува отворот на
ѕидот да се наоѓа позади самата внатрешна единица
 слика 60).
▶ Ако е потребно, променете ја позицијата за одвод на
кондензацијата ( слика 61).
Фитинзите за цевка на внатрешната единица во главно се наоѓаат на
нејзината задна страна. Препорачуваме да ги издолжите цевките
пред да ја прикачите внатрешната единица.
▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето 3.4.
▶ Ако е потребно, подвиткајте ги цевките во посакуваната насока и
2
]
направете отвор на страната на внатрешната единица
( слика 63).
▶ Поставете ги цевките низ ѕидот и прикачете ја внатрешната
единица на монтажната плоча ( слика 64).
Ако треба да ја отстраните внатрешната единица од монтажната
плоча:
▶ Повлечете ја долната страна на прекривката во подрачјето на
двата жлеба и повлечете ја внатрешната единица нанапред
( слика 65).
3.3.2
Монтажа на надворешната единица
▶ Поставете го пакетот исправено.
▶ Исечете ги и отстранете ги ремените што го држат пакетот
затворен.
▶ Отворете го пакетот горе и отстранете го пакувањето.
▶ Зависно од типот на монтажа, подгответе и монтирајте штендер
или ѕидна конзола.
▶ Поставете ја или прикачете ја надворешната единица и
употребете ги доставените или од корисникот снабдените
ублажувачи на вибрации за ногарките.
▶ При монтажа со штендер или ѕидна конзола, поставете го
доставеното издувно колено со заптивка ( слика 66).
▶ Отстранете го капакот за спојките за цевка ( слика 67).
▶ Изведете ги фитинзите за цевките како во поглавјето 3.4.
▶ Повторно поставете го капакот за спојките за цевка.
3.4
Поврзување на цевките
3.4.1
Поврзување на разладните линии со внатрешната и
надворешната единица
ВНИМАНИЕ
Истекување на разладно средство поради неправилно
поврзување
Ако фитинзите се постават неправилно, може да истече разладното
средство. Механичките приклучоци и компресиски фитинзи за
повеќекратна употреба не се дозволени во внатрешен простор.
▶ Само еднаш затегнете ги компресиските фитинзи.
▶ Откако ќе ги одвртите компресиските фитинзи, повторно
затегнете ги.
Бакарните цевки се достапни во метри или инчи, но навојот на
компресиските навртки е секогаш ист. Компресиските фитинзи на
внатрешната и надворешната единица се изработени за инчи.
▶ При употреба на метрички бакарни цевки, компресиските
навртки треба да се заменат со други што имаат одговарачки
дијаметар ( табела 113).
▶ Одредување дијаметар и должина на цевка ( страница 86).
▶ Исечете ја цевката со секач за цевки ( слика 62).
Climate 2000 – 6721852025 (2024/01)
loading

Este manual también es adecuado para:

Cl2000u w 26 eCl2000u w 35 eCl2000u w 53 eCl2000u w 70 eCl2000 26 eCl2000 35 e ... Mostrar todo