OBJ_BUCH-2301-002.book Page 301 Monday, December 22, 2014 10:15 AM
Напомена: Доколку електричниот апарат стартува
веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи,
ограничувањето на стартната струја не работи.
Електричниот апарат мора веднаш да се прати во
сервисна служба, адресата погледнете ја во делот
„Сервисна служба и совети при користење", страна 305.
Совети при работењето
Општи напомени за сечење
Секогаш затегнете го копчето за фиксирање 22 и
затегнувачкиот лост 7 пред сечењето. Инаку листот
на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
Заштитете го листот за пилата од удари. Не го изложувајте
листот за пилата на страничен притисок.
Не обработувајте искривени делови. Делот што се
обработува мора да има секогаш прав раб за поставување
на шината на граничникот.
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Означување на линијата на сечење (види слика L)
Двата ласерски зрака Ви ја покажуваат ширината на
сечење на листот за пилата. Притоа, делот што се
обработува може точно да го позиционирате за сечење,
без да ја отворате заштитната хауба со повратен
механизам.
– Вклучете ги ласерските зраци со прекинувачот 33.
– Израмнете ја Вашата ознака на делот за обработка
помеѓу двете ласерски линии.
Напомена: Пред сечењето, проверете дали ширината на
сечење е точно прикажана (види „Подесување на
ласерот", страна 302). Ласерските зраци може да се
поместат на пр. со вибрации при интензивна употреба.
Позиција на корисникот (види слика M)
Не се поставувајте во една линија со листот за
пилата пред електричниот апарат, туку секогаш
странично од листот за пилата. На тој начин, вашето
тело е заштитено од можен повратен удар.
– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од
ротирачкиот лист за пилата.
– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на апаратот.
Bosch Power Tools
Дозволени димензии на делот што се обработува
Максимални делови за обработка:
Агол на косо сечење
хоризонтално
вертикално
0°
0°
45°
0°
0°
45° (лево)
0°
45° (десно)
45°
45° (лево)
45°
45° (десно)
*со дистанцер-граничник (види слика N)
Минимални делови за обработка (= сите делови што се
обработуваат, што може да се затегнат со столарска стега
39 лево или десно на листот на пилата):
200 x 40 мм (должина x ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°):
– 70 мм
– 120 мм (со дистанцер-граничник (види слика N))
Менување на плочата за вметнување (види слика O)
Црвените плочи за вметнување 20 може да го истрошат
електричниот уред по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките 53 со инбус клуч (4 mm) 38 и
извадете ги старите плочи за вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицвртете ја плочата за вметнување со завртките 53
што е можно подесно, така што по целата должина на
можното повлекување листот за пилата нема да доаѓа
во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата лева
плоча за вметнување.
Сечење
Секогаш затегнете го копчето за фиксирање 22 и
затегнувачкиот лост 7 пред сечењето. Инаку листот
на пилата може да се заглави во делот што се
обработува.
Поставување на број на вртежи
(не е расположливо во сите верзии во зависност од
земјата)
Со помош на регулаторот на број на вртежи 8 може
бесстепено да го подесите бројот на вртежи на
електричниот апарат и за време на работењето.
Степен на број
Број на
на вртежи
вртежи
-1
1
3100 min
-1
2
3300 min
-1
3
3450 min
-1
4
3650 min
-1
5
3800 min
-1
6
4000 min
Македонски | 301
Висина x ширина
[мм]
85 x 370
70 x 400*
85 x 250
60 x 360
38 x 370
60 x 240
38 x 250
Материјал
Алуминиум
Пластика
Дрво
1 609 92A 0Z5 | (22.12.14)