OBJ_BUCH-1993-003.book Page 219 Monday, March 17, 2014 4:39 PM
– Олабавете ги држачите за 16 цревото за довод на
воздух 18, и зацврстете го цревото за довод на воздух
на спојницата за црево 6, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Напомена: Секогаш најпрво зацврстете го цревото за
довод на воздух на пневматскиот алат, а потоа на
единицата за одржување.
Замена на алатот кај шраф со надворешна
четириаголна глава (види слика D)
(0 607 661 505/... 507/... 509)
При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната
глава на прифатот за алат 2, напр. со помош на мал
одвртувач, и вметнете го алатот за вметнување 1 над
четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да
влезе во отворот на алатот за вметнување.
Вадење на алатот за вметнување
– Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот
што се вметнува 1 и извлечете го алатот за вметнување
од прифатот за алат 2.
Замена на алатот кај шраф со брзозатегачката
глава (види слика E)
(0 607 661 506/... 510)
При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
држачот на алатот за вметнување да лежи цврсто во
прифатот за алат. Доколку држачот на алатот за
вметнување не е доволно длабоко вметнат во прифатот
за алат, алатот што се вметнува може да се слизне и да
не може повеќе да се контролира.
Ставање на алатот за вметнување
Користете само алати за вметнување со соодветен крај за
приклучување (види „Технички податоци").
– Извлечете ја чаурата 13 на брзозаменливата глава
нанапред.
– Ставете го алатот за вметнување 1 во прифатот за алат
2 и повторно олабавете ја чаурата 13.
Вадење на алатот за вметнување
– Извлечете ја чаурата 13 на брзозаменливата глава
нанапред.
– Извадете го алатот за вметнување 1 од прифатот за алат
2 и повторно олабавете ја чаурата 13.
Употреба
Ставање во употреба
Пневматскиот алат работи оптимално при работен
притисок од 6,3 бари (91 psi), измерено на влезот за
воздух при вклучен пневматски алат.
Bosch Power Tools
Поставете го правецот на вртење (види слика F)
Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред
да го вклучите пневматскиот алат. Доколку, на
пример, сакате да одвртите шраф, а правецот на
вртење е поставен за зашрафување на шрафот, може
да дојде до силно неконтролирано движење на
пневматскиот алат.
Лизгачот 10 активирајте го за правец на вртење,
само доколку пневматскиот алат е во состојба на
мирување.
– Десен тек: Турнете го лизгачот 10 за правец на вртење
надесно.
– Лев тек: Турнете го лизгачот 10 за правец на вртење
налево.
Вклучување/исклучување
Општи напомени
Напомена: Доколку пневматскиот алат не стартува, напр.
по подолго мирување, прекинете го напојувањето со
воздух, и свртете го повеќепати моторот на прифатот за
алат 2. Притоа ќе се отстранат атхезионите сили.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го пневматскиот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување
Пневматските уреди имаат Импулсен механизам со
исклучување, кој зависи од вртежниот момент и е
подеслив во широк домен. Тој реагира доколку се
постигне подесениот вртежен момент.
– За Вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 4 до крај.
– Електричниот апарат автоматски се исклучува, штом
се постигне подесениот вртежен момент.
– Пред одново да го вклучите пневматскиот алат за нов
процес на зашрафување, мора уште еднаш да го
отпуштите прекинувачот за вклучување/исклучување
4.
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување
4 се ослободи предвреме, претходно подесениот
вртежен момент нема да се постигне.
Напомена: Доколку пневматскиот алат не се исклучи
автоматски, мора одново да го поставите вртежниот
момент (види „Подесување на вртежниот момент",
страна 219).
Подесување на вртежниот момент
(види слика G)
Вртежниот момент се создава со прекини. Импулсот се
создава во импулсниот механизам, при што се испушта
одредена количина на масло преку еден подеслив тесен
премин.
Вртежниот момент може да се подеси однадвор.
– Одвртете го шрафот за затворање 8 со испорачаниот
внатрешен шестаголен клуч 19.
Во отворот се наоѓа шрафот за подесување 20 на
вртежниот момент.
Македонски | 219
3 609 929 C69 | (17.3.14)