Bosch 0 607 661 505 Manual De Instrucciones página 218

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 36
OBJ_BUCH-1993-003.book Page 218 Monday, March 17, 2014 4:39 PM
218 | Македонски
Овие пневматски алати спаѓаат во серијата CLEAN.
Техниката CLEAN на Bosch ги штити корисникот и
околината со безмасно работење како и намалена
потрошувачка на воздух и енергија.
Исто така е возможна примена со воздух кој содржи
масло.
оптимирана примена – оптимирано при
потрошувачката на воздух
без лубриканти
– без масло
ергономичен
– ергономичен
пневматски алат
– пневматски алат
намалена јачина на
– намалена јачина на звук
звук
Монтажа
Уреди за безбедно ракување
 Доколку сакате да го користите пневматскиот алат
на уред за закачување или за затегање, внимавајте
на тоа, алатот најпрво да го прицврстите во уредот,
пред да го приклучите на напојување со воздух. На
тој начин нема невнимателно да го употребите.
Проверете дали дополнителната дршка или уредот за
затегање цврсто го држи пневматскиот алат.
Не затегајте надвор од границите.
Уред за закачување (види слика A)
Со обрачот за закачување 14 може да го прицврстите
пневматскиот алат на уред за закачување.
– Држачот за закачување 14 поставете го на
пневматскиот алат, и оставете го да се вклопи во
отворите 9.
Во зависност од тежиштето на пневматскиот алат, може да
ги искористите предните или задните отвори.
При зацврстување на задната страна на пневматскиот
алат, мора да го користите дистанцерот 15, за да
овозможите сигурно вклопување на држачот за
закачување 14.
 Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за
закачување и куките на уредот за закачување.
Уред за затегање
– Во наведеното поле на затегање 11, пневматскиот уред
може да го прицврстите на уред за затегање. Доколку е
возможно користете го целото поле на затегање. Колку
се помали границите на затегање, толку појака ќе биде
моќта на затегање.
Дополнителна дршка
– Вметнете ја дополнителната дршка 12 во полето на
затегање 11.
Дополнителната дршка 12 може да ја вртите по желба, за
да си овозможите безбедна и неуморна работа.
3 609 929 C69 | (17.3.14)
– Вртете ја пеперутка-завртката за подесување на
дополнителната дршка во правец спротивен на
стрелките од часовникот и свртете ја дополнителната
дршка 12 во саканата позиција. Потоа свртете ја
пеперутка-завртката повторно во правец на стрелките
на часовникот.
Воздуховод
Со воздуховодот може да го одведувате издувниот воздух
низ едно црево за одвод на воздух надвор од вашето
работно место и истовремено да постигнете оптимално
придушување на звукот. Со тоа ќе ги подобрите работните
услови, бидејќи вашето работно место повеќе нема да
биде извалкано со воздух кој содржи масло или прав одн.
струготини.
Децентрализиран воздуховод (види слика B)
– Одвртете го придушувачот на излезот за воздух 5, и
заменете го со спојница за црево 6.
– Олабавете го држачот за 16 цревото за одвод на воздух
17, и зацврстете го цревото за одвод на воздух на
спојницата за црево 6, при што ќе го зацврстите
држачот за црево.
Приклучок на напојувањето со воздух
 Внимавајте на тоа, воздушниот притисок да не биде
понизок од 6,3 бари (91 psi), бидејќи пневматскиот
алат е конструиран за овој работен притисок.
За максимална јачина, мора да се придржувате до
вредностите за ширината на цревото како и навојот на
приклучокот како што е дадено во табелата „Технички
податоци". За да се одржи полната јачина, користете само
црева со макс. 4 м должина.
Во доведениот компресиран воздух не смее да има туѓи
тела и влага, за да го заштити пневматскиот алат од
оштетување, нечистотија и создавање р'ѓа.
Напомена: Неопходно е користење на единицата за
одржување на компресираниот воздух. Ова овозможува
беспрекорна функција на пневматските алати.
Внимавајте на упатството за употреба на единицата за
одржување.
Сите арматури, кабелски врски и црева мора да бидат така
конструирани да одговараат на притисокот и потребната
количина на воздух.
Избегнувајте стеснување на доводните водови напр. со
притискање, превиткување или истегнување!
Доколку се двоумите, проверете го притисокот на влезот
за воздух со манометар и со вклучен пневматски алат.
Приклучок за напојување со воздух на пневматскиот
алат (види слика C)
– Зашрафете спојница за црево 6 на држачите за
приклучокот на доводот за воздух 7.
За да избегнете оштетувања на внатрешните делови од
вентилот на пневматскиот алат, при зашрафувањето и
отшрафувањето на спојницата за црево 6 треба да
притиснете на држачите за приклучокот за довод на
воздух 7 со вилушкаст клуч (ширина на клучот 22 мм).
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

0 607 661 5060 607 661 5070 607 661 5090 607 661 510

Tabla de contenido