OBJ_BUCH-1325-004.book Page 286 Tuesday, September 13, 2016 1:06 PM
286 | Македонски
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
За да ја избегнете опасноста од пожар при сечење
на алуминиум, испразнете го исфрлувачот на
струготини и не користете вшмукувач на
струготини.
Празнење на исфрлувачот на струготини
(види слика F)
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини можете да го
испразните исфрлувачот на струготини 31.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Олабавете ја завртката за прицврстување 41 со клуч со
внатрешна шестаголна глава 21.
– Извлечете го исфрлувачот на струготини 31 и
отстранете ги искршените парчиња на делот што се
обработува и струготините.
– Повторно монтирајте го исфрлувачот на струготини на
електричниот апарат.
Надворешно вшмукување (види слика G)
Употребете го испорачаниот адаптер за вшмукување 32,
за да приклучите вшмукувач за прав на исфрлувачот на
струготини 31.
– Прицврстете го адаптерот за вшмукување 32 и цревото
на вшмукувачот за прав.
– За зголемување на капацитетот на вшмукување, со
помош на Y-адаптерот (опрема), можете да приклучите
вшмукувач за прав на млазниците за вшмукување 7.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
1 609 92A 2C1 | (13.9.16)
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Фиксна или флексибилна монтажа
За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика H)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 12.
Монтажа на Bosch-работна маса (види слика I)
Работните маси на Bosch (на пр. GTA 60 W, GTA 600) на
електричниот апарат му нудат стабилност на секоја
подлога со помош на ногарките што се подесливи во
висина.
Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Менување на листови за пилата
(види ги сликите J1– J4)
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате.
Вадење на листот од пилата
– Со одвртувач подигнете ја плочата за вметнување 24 од
напред и извадете ја од отворот на алатот .
– Свртете ја курблата 19 во правец на стрелките на
часовникот до граничникот, така што листот на пилата
26 се наоѓа во највизоката можна позиција над столот
на пилата.
– Навалете ја заштитната хауба 6.x до крај кон назад.
Bosch Power Tools