6
ПРИСПОСОБУВАЊА ОД КОРИСНИКОТ
6.3 СЛИКАЊЕ КАДАР
Со кратко притискање на црното копче може да сликате кадар.
Според поставувањата на параметрите на Вашиот софтвер за снимање, сликата ќе остане
замрзната на екранот и ќе мора повторно да го притиснете истото копче за да се вратите на
снимката во живо, или пак сликата автоматски ќе се префрли на режимот во живо.
Во двата случаја, сликаниот кадар автоматски се зачувува во досието на пациентот.
6.4 FLEXIBLE/RIGID
Оваа функција се користи за да се гарантира одличен квалитет на слика, без разлика каков
ендоскоп се користи.
FLEXIBLE: со оваа функција се активира филтерот ANTIMOIRE на камерата. Се користи само
кај флексибилни ендоскопи изработени од оптички влакна.
RIGID: со оваа функција се исклучува филтерот ANTIMOIRE на камерата и овозможува добивање
на ДЕТАЛИТЕ на сликата. Се користи кај ригидни и полуригидни ендоскопи.
Со долго притискање на копчето за сликање (црно) се активира anti-moire*. Со повторно долго
притискање се враќа назад на Rigid.
Кога режимот anti-moire* е активиран, во долната десна страна од Вашиот екран се појавува F.
*Anti-moire: исправка на природниот недостаток од алиас-ефектот поради поврзување на CCD
камера со ендоскоп со оптички влакна
Moiré
Anti-moiré
215