6
ПРИСПОСОБУВАЊА ОД КОРИСНИКОТ
6.1 БАЛАНСИРАЊЕ НА БЕЛАТА БОЈА
Пред да извршите AWB (автоматско балансирање на белата боја), камерата мора да биде
приклучена на компјутерот и ендоскопот и изворот на светлина да бидат поврзани. Доколку
нема доволно светлина, AWB нема да се изврши.
•
Снимете бела површина, по можност бела газа, и внимавајте таа да биде правилно
поставена пред ендоскопот (Внимавајте, добиената слика треба да биде чиста). Види во
поглавје 5.3.
•
Притиснете на копчето за балансирање на белата боја на камерата (бело копче) или на
софтверот.
•
На екранот ќе се појави бел квадрат што укажува дека балансирањето на белата боја е
во тек. Не мрдајте додека не го снема ова квадратче, што би значело дека балансирањето на
белата боја е завршено.
Секое балансирање се меморира. Па така, следниот пат кога ќе ја вклучите камерата (и
доколку ниту еден од параметрите на поврзаните слики не е променет), ќе ги имате истите бои.
Треба да извршите ново балансирање на белата боја ако:
•
сте го смениле типот на извор на светлина;
•
сте ја смениле Вашата ламба (нова);
•
сте ја смениле оптиката;
•
сте го смениле светлосниот кабел;
•
не сте задоволни од репродукцијата на боите.
Ако не сте задоволни од квалитетот на боите, размислете за проверка на параметрите на
Вашиот монитор (бои, контраст,...)
6.2 ФУНКЦИЈА „ICE"
Со новиот ICE (Ендоскоп со интелигентна контрола) уред вграден во оваа камера, балансирањето
на белата боја кое штотуку го завршивте, исто така, овозможува да ги оптимизирате сите
поставувања, без разлика каков ендоскоп користите.
При секое балансирање на белата боја, овој ексклузивен процес врши анализа на:
•
големината на ендоскопот за да се приспособи видното поле на камерата;
•
температурата на бојата од изворот на светлина за да се утврди неговата бранова
должина;
•
температурата на бојата од светлината што мине низ ендоскопот за враќање на
реалистични бои при балансирањето на белата боја;
•
минималното ниво на светлина за да го предупреди корисникот во случај на дефект.
•
цвета на температурата на светлината, преминаваща през ендоскопа с цел възстановяване
на реалистичните цветове по време на баланса на бялото;
•
минималното ниво на светлина, с цел да предупреди потребителя в случай на повреда.
214