Претпазливост При Користење - Comeg UBICAM S181 Manual Del Usuario

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 48
3
ПРЕТПАЗЛИВОСТ ПРИ КОРИСТЕЊЕ
Прочитајте го овој прирачник за корисник.
Почитувајте ги условите на употреба и складирање.
Инсталирајте ја камерата на чисто, суво и добро проветрено место.
Инсталирањето на камерата мора да го направи исклучиво компетентен техничар обучен од производителот.
За да избегнете ризик од струен удар, пожар, краток спој или опасно зрачење, не вметнувајте метални
предмети во апаратот.
Не изложувајте ја камерата на вода и не чувајте ја на влажни места без водоотпорен акапак на USB
коенкторот (ризик од струен удар).
Користете ги само додатоците што се испорачани со апаратот или што се предложени како опција од
производителот.
Не употребувајте ја оваа камера во близина на запаливи анестетици.
Оваа камера не смее да се употребува во јонизирана околина.
Оваа камера не е стерилен уред.
Поставувањето и лоцирањето во близина на друга опрема може негативно да влијае врз електромагнетната
компатибилност.
Никогаш не користете корозивни или абразивни производи за чистење на уредот, туку само средства за
дезинфекција што се препорачани во поглавјето 7.
Не прскајте го производот со вода и не изложувајте го на околина со прекумерна влажност.
Другите кабли и додатоци може негативно да влијаат врз електромагнетната компатибилност.
Пред секоја употреба, проверете дали на уредот има груби површини, остри рабови или издадени елементи
што би можеле да бидат ризик по безбедноста.
Уредот не е отпорен на експлозии, затоа никогаш не употребувајте го заедно со запаливи анестетици.
Не ставајте тешки предмети врз уредот.
Уредите што се поврзуваат во влезови/излези, мора да бидат усогласени со IEC 60950-1 .
Пред активирање, проверете дали е оштетен апаратот. Оштетените кабли и конектори мора веднаш да се
заменат.
Се препорачува да имате на располагање втора камера во работната просторија што ќе ја користите ако
првата не е таму или ако се забележани послаби перформанси.
Проверете ја компатибилноста на вашиот ендоскоп и изворот на светло со производителот пред да започнете
со употреба.
Ако се користат други кабли или додатоци кои се различни од наведените, може да дојде до зголемена
емисија или намалување на имунитетот на бучава на уредот.
Никогаш не поставувајте го уредот во близина на извор на топлина или на локација каде што е изложен на
вибрации и/или удар.
Температурата на површината на камерата може да достигне 41°C (по употреба од неколку минути). Затоа,
избегнувајте секаков контакт со оваа област.
Не е соодветна за употреба во присуство на запалива мешавина на гас од анестетици со воздух, кислород
или азотен оксид.
Во областа каде што е инсталирана, присуството на полиња со висока интерференција (на пр. силни
магнетни полиња би требало да се избегнува. Овие полиња на интерференција може да предизвикаат неправилно
функционирање на камерата.
Овој апарат смее да се користи кај лица (пациенти) кај кои може да се спроведува процедура на ендоскопија.
Камерата е наменета само за професионална употреба, во просторија за консултации / операциона сала.
Не испуштајте го апаратот. Ако апаратот падне, не поврзувајте го повторно, туку вратете го кај овластениот
дистрибутер или директно во одделот за услуги после продажба.
Не изложувајте го апаратот на прекумерна прашина.
Апаратот смее да го отвора само квалификуван техничар овластен од производителот.
Овој апарат не смее да се модифицира без претходно одобрение од производителот. Ако медицинскиот
уред се модифицира, мора да се направи инспекција и тест за да се провери дали медицинскиот уред е усогласен со
безбедносните упатства.
210
Tabla de contenido
loading

Productos relacionados para Comeg UBICAM S181

Tabla de contenido