Проверка И Подесување На Основните Поставки - Bosch GCM 18V-216 Professional Manual Original

Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 52
320 | Македонски
или десно од сечилото за пила): 100 x 40 mm (должина x
ширина)
макс. длабочина на резот (0°/0°): 70 mm
Менување на плочата за вметнување (види слика Q)
Плочите за вметнување (18) може да го истрошат
електричниот алат по подолга употреба.
Заменете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките (53) со клуч со внатрешна
шестаголна глава (41) и извадете ги старите плочи за
вметнување.
– Ставете ја новата десна плоча за вметнување.
– Прицврстете ја плочата за вметнување со завртките
(53) што е можно по десно, така што по целата
должина на можното повлекување на сечилото за пила
нема да дојде во контакт со плочата за вметнување.
– Повторете ги работните чекори аналогно за новата
лева плоча за вметнување.
Сечење
Секогаш затегнете ги копчето за фиксирање (19) и
u
затегнувачкиот лост (31) пред сечењето. Инаку
сечилото за пила може да се заглави во делот што се
обработува.
Сечење без влечење (отсекување) (види слика R)
– За сечење без повлекување (мали делови за
обработка) олабавете ја завртката за фиксирање (32),
доколку истата е затегната. Поместете ја рачката на
алатот до крај во правец на граничните водилки (13) и
повторно затегнете ја завртката за фиксирање (32).
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (13) и (25).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (1)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (32), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (13) и (25).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
1 609 92A 4UN | (05.06.2019)
– Поместете го рачката на алатот од граничните водилки
(13), додека сечилото за пила не дојде пред делот што
се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Полека водете ја надолу рачката на алатот со дршката
(9).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (13) и (25) и сечете го делот што
се обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика S)
Граничникот за длабочина мора да се помести, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина (30) кон надвор.
– Навалете ја рачката на апаратот на дршката (9) во
саканата позиција.
– Свртете ја завртката за подесување (5), додека крајот
на завртката не го допре граничникот за длабочинa
(30).
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Проверка и подесување на основните
поставки
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Подесување на ласерот
Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,
електричниот алат треба да биде приклучен на
напојување со струја.
Никогаш не го активирајте прекинувачот за
u
вклучување/исклучување за време на
подесувањето на ласерот (на пр. при движење на
Bosch Power Tools
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

3 601 m41 0003 601 m41 0403 601 m41 0b0

Tabla de contenido