Проверка И Подесување На Основните Поставки - Bosch GCM 80 SJ Manual Original

Ocultar thumbs Ver también para GCM 80 SJ:
Tabla de contenido
Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 41
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (21).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и рачката
на алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење (12)
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање (11), доколку таа е затегната.
– По потреба поставете го саканиот хоризонтален и/или
вертикален агол на закосување.
– Притиснете го делот што се обработува кон
граничните водилки (6) и (21).
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните
водилки (6) и (21), додека сечилото за пила не дојде
пред делот што се обработува.
– Вклучете го електричниот алат.
– Притиснете го прекинувачот за блокада (17) и рачката
на алатот водете ја полека надолу со дршката (16).
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки (6) и (21) и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека
сечилото за пила не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Специјални делови за обработка
При сечење на свиткани или тркалезни делови за
обработка, мора добро да ги обезбедите од лизгање. На
линијата на сечење не смее да постои процеп меѓу делот
што се обработува, граничната водилка и масата за пила.
Доколку е потребно, мора да направите специјални
држачи.
Проверка и подесување на основните
поставки
За гарантирање на прецизни резови мора да ги
проверите основните поставки по интензивно користење
на електричниот алат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води
прецизно и доверливо.
Bosch Power Tools
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 0°
– Подесете го електричниот алат во транспортна
позиција.
– Свртете ја масата за пила (22) до жлебот (28) за 0°.
Рачката (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверка (види слика N1)
– Поставете го агломерот 90° и ставете го на масата за
пила (22).
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со сечилото за пила (39).
Подесување (види слика N2)
– Олабавете ја затегнувачката рачка (10).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-
граничник (33) со обичен окаст или вилушкаст клуч
(10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затегнувачката
рачка (10).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (33).
Доколку по подесувањето агломерот (32) не е во линија
со 0°-ознаката на скалата (31), олабавете ја
завртката (44) со обичен крстест одвртувач и насочете го
агломерот по должина на 0°-ознаката.
Подесување на вертикален стандарден агол на
закосување 45°
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила (22) до жлебот (28) за 0°.
Лостот (26) мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Олабавете ја затезната дршка (10) и навалете ја
рачката на алатот со дршката (16) до крај во лево
(45°).
Проверка (види слика O1)
– Поставете го аголното мерило 45° и ставете го на
масата за пила (22).
Кракот на аголното мерило мора да биде прецизен по
целата должина со сечилото за пила (39).
Подесување (види слика O2)
– Олабавете ја затезната дршка (10).
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
(9) со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од аголното мерило не е
рамен по целата должина со сечилото за пила.
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка (10).
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничникот (9).
Доколку агломерот (32) по подесувањето не е во иста
линија со 45°-ознаката на скалата (31), најпрво
проверете ја повторно 0°-поставката за вертикалниот
агол на закосување и агломерот. Потоа повторете го
подесувањето за вертикалниот 45°-агол на закосување.
Македонски | 249
1 609 92A 5UB | (22.10.2020)
Tabla de contenido
loading

Este manual también es adecuado para:

Gcm 800 sjGcm 8000 sj

Tabla de contenido