Philips sonicare HX3601/01 Manual De Instrucciones página 487

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 102
Прикачување на главата на четката
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Упатства за четкање
1 Порамнете ја главата на четката, така што
влакната ќе бидат поставени во истата насока со
предниот дел на рачката.
2 Цврсто притиснете ја главата на четката врз
металниот издаден дел сѐ додека нема каде
повеќе да оди.
Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу
главата на четката и рачката.
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв
пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации
отколку кога користите неелектрична четка за заби.
Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да
вршат премногу притисок. Применете само нежен
притисок и оставете четката за заби да го врши
четкањето наместо вас. Следете ги долунаведените
упатства за четкање за најдобро искуство. За да ви
помогнеме да преминете на новата електрична четка
за заби Sonicare, таа доаѓа со активирана опција
EasyStart. Оваа функција полека ја зголемува
моќноста во текот на првите 14 четкања за да ви
помогне да се прилагодите на четкањето со четката
за заби Philips Sonicare.
Забелешка: За деца на возраст под 8 години, се
препорачува родителот или возрасно лице да го
врши четкањето.
Македонски
487
loading