Philips sonicare HX3601/01 Manual De Instrucciones página 482

Idiomas disponibles
  • ES

Idiomas disponibles

  • ESPAÑOL, página 102
482
Македонски
Вовед
Важни безбедносни информации
Предупредувања
Оваа четка за заби ви овозможува да добиете
супериорно отстранување на забен камен, побели
заби и поздрави непца. Користејќи ја комбинацијата
на нежна звучна технологија на Sonicare и клинички
развиени и докажани функции, може да бидете
сигурни дека го добивате најдоброто чистење, секој
пат.
Дополнителна поддршка и регистрација на
производот ви се достапни на:
www.philips.com/support
Добре дојдовте во семејството на Philips Sonicare!
Користете го производот само за неговата намена.
Внимателно прочитајте ги овие важни информации
пред да го користите производот и неговите батерии
и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни
повреди.
-
Чувајте го полначот подалеку од вода.
-
По чистењето, проверете дали полначот е целосно
сув пред да го поврзете со USB полначот.
-
Овој уред може да го користат деца и лица со
намалени физички, сензорни или ментални
способности или со недостиг на искуство и знаење,
доколку се под надзор или добиваат инструкции
за користењето на уредот на безбеден начин и ги
разбираат потенцијалните опасности. Децата не
треба да го чистат или да го одржуваат уредот без
надзор.
-
Децата не треба да си играат со уредот.
-
Користете само оригинални додатоци или
потрошни средства на Philips. Користете го само
полначот што е обезбеден со производот. Ако е
доставен, користете ги само оригиналниот USB
кабел и USB единицата за напојување.
-
Овој уред е дизајниран само за чистење заби,
непца и јазик.
loading